Образованието оди напред, ние го следиме.

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС ПЛУС

На 12 декември 2013 година, Европската Комисија го објави Повикот за предлог проекти за Програмата Еразмус+. Составен дел на овој Повик е Водичот за Програмата Еразмус+.

Националната агенција ги повикува сите заинтересирани установи и организации од Република Македонија да започнат со изготвување на своите предлог проекти и да ги достават согласно предвидените рокови објавени во Повикот до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност односно Извршната агенција за образование, култура и аудиовизуелни политики, зависно од тоа за која од активностите  на Програмата Еразмус+ доставуваат проекти.

Физички лица не можат директно да аплицираат, туку ќе мораат да се обратат до своите установи, организации или компании кои што се подобни да аплицираат.

Текст на Повикот на македонски јазик.

Инфо-ден на Националната агенција - Скопје, СРЦ Борис Трајковски - 07 ноември 2013

На 07 ноември 2013г., во СРЦ Борис Трајковски Скопје, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го организираше првиот од серијата инфо-денови за последниот квартал на 2013г. На настанот беа презентирани новата програма за образование, обука, млади и спорт на ЕУ за периодот 2014-2020г. ЕРАЗМУС ПЛУС, и мрежите ЕУРОПАС и ЕВРИДИКА кои што од 2013 година во Република Македонија ги имплементира Националната агенција.

 

Повеќе...

Објавен е образецот за финалниот извештај за ЕРАЗМУС - договорна година 2012

Универзитетите корисници на грантови од потпрограмата ЕРАЗМУС за академската 2012/2013 година потребно е да достават финален извештај најдоцна до 15 ноември 2013. Извештајот се доставува до Националната агенција,  образецот за финалниот извештај може да го превземат од следниот линк.

Повеќе...

ПОЧНУВААТ ИНФО-ДЕНОВИТЕ НА „НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА“

Соопштение за медиумите

Скопје, 30 октомври 2013

 

Можности за мобилност и професионален развој за македонските граѓани во ЕУ

 - Нашата цел е да се зголеми видливоста на нашата работа, презентирање на добри практики од успешно спроведени проекти во сегашните програми, како и претставување на можностите. Во соработка со Министерството за образование и наука, како и со Европската Комисија, посветени сме на целосното учество во новата програма Еразмус плус 2014-2020, со што стануваме програмска земја. На нашите корисници ќе им бидат достапни сите акции кои се достапни и на земјите членки на ЕУ и на останатите програмски земји - вели Дарко Димитров, директор на Националната агенција.

Повеќе...

Европска Комениус-еТвининг конференција: Училишните лидери дискутираат како да ја искористат помошта од ЕУ за развој на училиштата

100 училишни лидери со искуство во Комениус и еТвинигнсе собраа во Вилнус, Литванија, на почетокот на октомври 2013 година за да дискутираат како ЕУ подржаните активности како што се училишните партнерства и обуката на наставниците може да бидат стратешки употребени за да се воведат позитивни промени во училиштата.

Повеќе...

1st International Week “ENCOUNTERING THE ERASMUS + (2014-2020) - SHARING ERASMUS EXPERIENCES

tl_files/docs/images/ERA/baner_erasmus_2013.JPG

Мрежите Еуропас и Евридика

Еуропас е составен од 5 документи наменети за опис на вештините и квалификациите на лицата и нивно разбирање низ Европа.

Повеќе...

Конференција за печатот на МОН и Националната агенција

На конференцијата за печатот што се одржа во просториите на МОН, Министерот за образование и наука Г-дин Спиро Ристовски даде приказ на досегашните резултати во искористеноста на европските фондови во делот на образование и млади.

Повеќе...

Работилница за акцијата Студиски посети во склоп на програмата Доживотно учење - август 2013

Во рамките на акцијата Студиски посети во склоп на програмата за “Доживотно Учење” , во август ќе се одржи работилница во просториите на Националната Агенција која ќе има за цел да ги информира корисниците за начинот на пополнувањето на апликациjaта за Студиски посети.

Повеќе...

Доделени се награди во рамките на ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МЛАДИТЕ на Европската Комисија

Европската Комисија ги објави добитниците на награди од програмата Млади во Акција во рамките на Европската недела на младите во чии рамки три најуспешни проекти од програмата Млади во Акција се стекнаа со награди.

Повеќе...

15 октомври 2013 е втор краен рок за аплицирање за акцијата Студиски посети!

15 октомври 2013 е втор краен рок за аплицирање за акцијата Студиски посети!
Објавен е вториот рок за аплицирање за акцијата Студиски посети
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува втор рок за аплицирање за акцијата Студиски посети 2013-2014.

Повеќе...

Ден на високото образование - УКИМ Скопје, 24 април 2013