Акција 3 – Младите во светот

    Активностите во оваа акција се насочени кон да помогнат во зајакнување на соработката на ЕУ со соседите, како и со земјите од другите региони во светот преку можностите на младите луѓе и младите работници од Европа да учествуваат во размени и останати не нефрмални  едукативни активности со нивни врсници кои живеат надвор од ЕУ.  

Акција 3.1 – Соработка со земјите-соседи на Европската Унија

    Оваа мерка поддржува проекти со Партнерските земји кои се сметаат за соседи според одредбите на Европската соседска политика, како и со Руската Федерација и земјите од Југоисточна Европа (деталната листа на Соседни партнерски земји е дадена во секција Б). 

Целите на оваа акција се: 

  • Да се придонесе кон мирот и стабилноста на граничните места на проширената ЕУ како
    и зад границите, преку засилување на интеркултурниот дијалог, взаемното разбирање
    и толеранцијата меѓу младите луѓе
  • Да се придонесе кон зацврстување на демократијата и цивилното општество, преку
    олеснување на интеграцијата и активното учество на младите и преку охрабрување на
    развојот на младински структури. 

Кој вид на активности се дозволени? 

Следните видови активност можат да бидат поддржани под оваа Акција: 

  • Младински размени, базирани на истата шема како и младинските размени
    предвидени под Акција 1.1, со извесни особености 
  • Проекти за обука и вмрежување, базирани на истата шема како и проектите за
    обука и мрежна соработка предвидени под Акција 4.3, со извесни особености.
    Поради тоа, главните карактеристики на активностите се опишани во други
    делови на Програмскиот водич; обратете се на соодветните секции.
    Следната секција е фокусирана на особеностите поврзани со вклучувањето на
    партнери од Соседни партнерски земји во Младински размени и Проекти за обука и
    вмрежување. 

Повеќе информации на следниот линк: 
http://ec.europa.eu/youth/youth-in-action-programme/doc86_en.htm