Поддршка за европска соработка во областа млади млади

    Промоција на европската соработка во областа малди е целта на оваа акција. Преку оваа акција Програмата овозможува конкретна соработка во развој на младинската политика на европско ниво. Генералните цели се однесуваат на:  поддршка на размена на добри практики помеѓу креаторите на младинската политика и младите луѓе; поддршка на сруктурен дијалог помеѓу младите луѓе и креаторитње на плитиката;  подобро запознавање и разбирање помеѓу младите; промоција на соработката со меѓународните организации кои активно работат во областа млади.

За остварување на целите предвидени во Акција 5,  развиени се следните под акции: 

  • 5.1 – Средби на млади со одговорни лица кои ја креираат политиката за млади
Активности насочени кон соработка, семинари и конструктивен дијалог меѓи младите активни во младинската работа и одговорни лица кои ја креираат политиката за млади.
  • 5.2 – Подобро познавање за областа млади
Активности кои придонесуваат за идентификација на постоечкото знаење релвантно за приритетите во полето млади.
  • 5.3 – Соработка со меѓународни организации

Совет на Европа, ОН.  

Напомена:
Оваа акција не е отворена за апликантите од Република Македонија

Повеќе информации на следниот линк: 
http://ec.europa.eu/youth/youth-in-action-programme/doc94_en.htm