Акции на Еразмус

Децентрализирани акции на програмата Еразмус кои ги координираат Националните Агенции се:

  • Мобилност на студенти - Еразмус како европска програма за соработка во полето на високото образование нуди можност студентите да поминат дел од нивните студии или практична работа во некоја од земјите кои учествуваат во Програмата (мобилност од Р. Македонија може да се оствари исклучиво кон некоја од земјите членки на Европската Унија).
  • Мобилност на наставен кадар - Програмата Еразмус нуди за наставниот персонал кој е ангажиран во високообразовна институција носител на Еразмус Универзитетска Повелба можност за наставен ангажман во Еразмус партнерска институција која е исто така носител на Еразмус Универзитетска Повелба.
  • Мобилност на административен персонал (акцијата не е отворена за академска 2012/13) - Програмата Еразмус преку акцијата Мобилност на административен персонал нуди можност за обука во Еразмус партнерска институција на Високообразовната институција од Р.Македонија носител на Еразмус Универзитетска Повелба.
  • Интензивни програми (акцијата не е отворена за академска 2012/13) - Еразмус интензивните програми представуваат кратки наставни модули/програми кои вклучуваат професори и студенти од минимум 3 различни Високообразовни институции носители на Еразмус Универзитетска Повелба.
  • Интензивни јазични курсеви (акцијата не е отворена за академска 2012/13) - Еразмус интензивните јазични курсеви се специјализирани курсеви за помалку користени јазици и јазици кои поретко се изучуваат. Овие курсеви се со времетраење од 2 до 6 недели (најмалку 60 часа вкупно или минимум 15 часа неделно).
  • Организација на мобилности - Високообразовните институции носители на Еразмус Универзитетска Повелба добиваат средства за покривање на трошоците поврзани со организацијата на мобилноста на студентите, наставниот или административниот персонал.
  • Подготвителни посети - Цел на акцијата е да овозможи средба на потенцијални партнери кои би подготвиле предлог апликации. Подготвителните посети се реализираат во две форми, со времетраење не подолго од 5 дена.
Централизираните Ерасмус Акции се во надлежност на Извршната Агенција за образование, култура и аудиовизуелна политика во Брисел и тие се:
- Мултилатерални проекти;
- Мрежи;
- Придружни мерки. 
 

АНЕКСИ НА ДОГОВОРИ ЗА ЕРАЗМУС - 2012

Анекс II Образец за квалитативен финален извештај и образец за квантитативен извештај

Анекс III Обврски за мобилност на институцијата корисник

Анекс IV Меѓуинституционални договори

Aнекси V

Студентска мобилност за студирање Студентска мобилност за стажирање:
    • Анекс V.5 Модел на договор за грант;
    • Анекс V.6 Договор за обука и Заложба за квалитет;
    • Анекс V.7 Еразмус студентска повелба;
    • Анекс V.8 Образец за финален извештај за студенти (за стажирање);
Мобилност на наставен кадар: Мобилност на административен персонал:
    • Анекс V.12 Модел на договор за грант за стручно усовршување на административен персонал (минимум критериуми);
    • Анекс V.13 Работна програма;
    • Анекс V.14 Финален извештај на административен персонал

Анекс V.15 Публикување на информациите

Анекс VI Упатство за високообразовните институции за менаџирање на финансиските средства на Еразмус во академската година 2012-2013 во согласност со договорот за грант потпишан меѓу Европската комисија и Националната агенција, вклучувајќи покритија за студенти од Еразмус кои следат ЕИЈК интезивни јазични курсеви во рамките на истата програма