Доживотно учење

Учество на Националната агенција на Меѓународниот академски курс – 08 јули 2013 (Градежен Факултет - УКИМ)

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на ден 08.07.2013 година во рамките на летниот меѓународен академски курс одржа презентација на програмите Доживотно учење (Еразмус, Комениус, Грундвиг, Леонардо да Винчи и Студиски посети) и Млади во акција.

Повеќе...

Кој може да учествува

Програмата Доживотно Учење е отворена за сите кои се инволвирани во образование или обуки:

  • Ученици, студенти, лица кои се обучуваат и возрасни ученици
  • Наставници, обучувачи и разен персонал вклучен во било кој аспект на Доживотното Учење
  •  Луѓе во пазарот на труд
  • Институции или организации кои нудат можности и програми за учење во областите образование или обуки
  • Лица и тела одговорни за системи и политики поврзани со било кој конкретен аспект на Доживотното Учење на локално, регионално и национално ниво
  • Претпријатија, социјални партнери и нивните организации на сите нивоа, вклучувајќи трговски асоцијации и стопански комори
  • Тела кои нудат помош, советување и информациски сервиси поврзани со било кој аспект на Доживотното Учење
  • Асоцијации кои работат во полето на Доживотно Учење, вклучувајќи студенти, лица кои се обучуваат, ученици, родители и асоцијации на возрасни ученици
  • Центри за истражување и тела активни во областите на образование и тренинг
  • Непрофитни организации, волонтерски тела, невладини организации

За подетални информации во однос на тоа кој може да учествува, проверете во посебните програми на програмата Доживотно Учење.

Информативен ден- програмите Leonardo da Vinci и Grundtvig

    Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со задоволство Ве повикува на информативен ден за секторската програма Leonardo da Vinci, која е наменета за стручно образование и обука и секторската програма Grundtvig наменета за образование на возрасни, кои се дел од програмата „Доживотно учење“ ( Lifelong Programme).

    Овој настан се организира во соработка на Националната агенција, Европската Комисија и Македонското здружение за образование на возрасни.

    Целта на информативниот ден е запознавање на потенцијалните корисници со можностите на програмата, начините за пријавување, како и со предвидените правила и рокови за аплицирање.

Општи информации

Специфичните цели на Програмата се споменати подолу. Тие обезбедуваат дека Програмата за Доживотно Учење гиподдржува и надополнува акциите кои се превземени од Земјите Членки и другите Земји кои учествуаат во Програмата, истовремено целосно почитувајќи ги нивните обврски кон содржината на системите за образование и обука и нивните културни и лингбистички разлики.

Повеќе...

Успешни приказни од Програмата Доживотно учење

    Видете кои се бенефитите од учествување во Програмата Доживотно учење. Корисници од Македонија веќе ја користат оваа Програма. Успешните приказни може да ги видите на следниве линкови:

Комениус
Грундвиг
Студиски посети