Доживотно учење

Учество на Република Македонија во Европските образовни програми

Почитувани,

    Со особена чест и задоволство Ве информираме дека со одлука на Европската комисија – Генерален директорат за образование и култура, Република Македонија ќе учествува во програмите за Доживотно учење и Млади во акција во 2012 година. Со ова македонските студенти, професори, стручен и администативен персонал, граѓански организации , училишта, градинки, универзитети, приватни компании ќе можат да бидат дел од овие европски програми.  Ова за Република Македонија е навистина силна порака, силен импулс кој треба да претставува поттик за понатамошно напредување.

Ви посакуваме успешно вклучување во програмите за Доживотно учење и Млади во акција.

Со почит,

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ 2012 ЗА ПРОГРАМАТА ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објави повик за 2012 за програмата Доживотно Учење за подпрограмите Комениус, Еразмус, Леонардо да Винчи, Грундвиг и Студиски посети.

Повеќе...

Објавени апликациските формулари за акцијата обука на работно место за секторските програми Комениус и Грундвиг

    Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги објави апликациските формулари за акцијата Обука на работно место. За секторската програма Комениус апликацискиот формулар за акцијата Обука на работно место може да го најдете на следниов линк (http://www.na.org.mk/komenius.html), додека за секторската програма Грундвиг апликацискиот формулар е достапен на следниов линк (http://www.na.org.mk/grundtvig.html).

    Пред пополнување на формуларите, Ве молиме детално прочитајте го Упатството за пополнување и поднесување на формуларот за предлог проекти за акцијата Обука на работно место.

Објавен е апликациониот формулар за Подготвителни Посети

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го објавиапликациониот формулар за сите подпрограми од Програмата Доживотно Учење.

Формуларот можете да го преземете на следниов линк.