Доживотно учење

12 октомври 2012 е втор краен рок за аплицирање за акцијата Студиски посети!

Објавен е вториот рок за аплицирање за акцијата Студиски посети

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува втор рокза аплицирање за акцијата Студиски посети 2012-2013.

Втор  рок за аплицирање за Студиски Посети ќе се однесува на посети од Март 2013  до Јуни 2013:

Почеток на рок за аплицирање:            23 Јули 2012
Краен рок за аплицирање во:               12 Октомври 2012 

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја објавува Програмата  2012-13 за акцијата СтудискиПосети. 

Апликацискиот формулар може да го најдете на следниов линк http://studyvisits.cedefop.europa.eu/index.asp?cid=2&artid=8113&scid=74&artlang=EN 

Пред пополнување на формуларите, Ве молиме  внимателно да го прочитате водичот за апликанти DOC PDF.   

Апликациите се пополнуваат задолжително на јазикот на посетата наведена во апликацијата. 

Резултати за Студиски посети за втор рок (23 јули - 12 октомври) 2012 година

Резултати од повикот за Студиски посети - мобилност (втор рок) 2012 во склоп на Програмата доживотно учење за Република Македонија на следниот  линк.

Одржана работилница за Леонардо да Винчи Мобилности

На ден 01.10.2012 година, во просториите на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност со почеток во 11:00 часот се одржа работилница на која гостуваше Г-ѓа Матеја Обрез Вербич од Целје, Словенија.

Целта на работилницата и на гостувањето на корисник од Република Словенија беше да им се пренесат на корисниците кои имаат добиено грант од Република Македонија искуствата, начините и обврските кои следуваат при имплементирањето на проекти од Секторската програма Леонардо да Винчи, акција Мобилности.

За време на одржувањето на работилницата, корисниците од Република Македонија имаа можност да ги постават сите свои нејасни прашања, а воедно и да ги проследат презентациите подготвени од страна на корисничката од Словенија, Г-ѓа Матеја Обрез Вербич.

Агенда од настанот на овој линк.

Фотографии од настанот на овој линк.

Повик за евалуатори за потпрограмата Леонардо да Винчи за 2013

Објавен е јавниот повик за надворешни евалуатори за секторската програма Леонардо да Винчи. Интегралниот текст на повикот можете да го прочитате на следниот линк

Рокот за поднесување на апликациите за евалуатори е 31 декември 2012 (датум на поштенски печат), а апликацискиот формулар можете да го превземете од овој линк АПЛИКАЦИСКИ ФОРМУЛАР