Еразмус повелба

Општи информации

    Еразмус Универзитетската Повелба (EUC - Erasmus University Chartet) обезбедува општа рамка или предуслов за европска соработка во рамките на Еразмус активности во областа на високото образование. Само носители на Еразмус Универзитетската Повелба можат да учествуваат во Еразмус.

    Право на Еразмус Универзитетска Повелба имаат инстутиции кои се акредитирани од страна на матичната држава за спроведување на високото образование програми (општи и/или професионални). Овие институции можат да аплицираат за Еразмус Универзитетска Повелба која ги  утврдува основните принципи и минималните барања за учество во Еразмус активности. Овие принципи и барања треба да се почитуваат и спроведуваат од страна на сите институции носители на Повелбата. 

    Постојат два вида на Еразмус Универзитетскa Повелба: Стандардна и Проширена Универзитетска Повелба. Стандардна е само за високообразовни институции кои аплицираат за учество на Еразмус студиски престои, а Проширената е за високообразовни институции кои аплицираат и за мобилности за стажирање.                                  

    Повелбата се доделува за целото времетраење на Програмата Доживотно Учење. Следењето на тоа колку носителот на повелбата се придржува до принципите и правилата кои истата ги налага е перманентен процес. Истиот, како последна мерка во случај на недоследности, може да биде повлечен.

За Универзитетите да учествуваат во програмата Еразмус, тие мора да исполнат неколку критериуми, и тоа:

  • Да работат според ЕКТС ( Европски Кредит Трансфер Систем)
  • Да препознаваат студиски престој во друга земја (на институција со која имаат склучено меѓу-институционален договор)
  • Да обезбедат советување пред заминување на студенти и наставен кадар на студиски престој во друга држава
  • Да назначат и да обучат Еразмус координатори

Како се аплицира за Еразмус Универзитетска Повелба?

Високообразовните институции поднесуваат апликација до Извршната Агенција.

    Апликантот за Еразмус Универзитетска Повелба во апликацијата мора да ја опише стратегија за интегрирање на Еразмус активностите во неговото секојдневното функционирање (Erasmus Policy Statement). Оваа стратегија мора да е во согласност со мисијата на Високообразовната институција која аплицира за Еразмус Универзитетска Повелба. Апликантот мода јасно да ги наведе мерките и активностите кои планира да ги воведе и примени со цел да ги исполне барањата кои ги налага Еразмус Универзитетската Повелба.

    Повеќе од 2000 високообразовни институции од Европа се носители на Еразмус Универзитетска Повелба.

Резултати за Еразмус Универзитетска Повелба