еТвининг

Презентацијата за Комениус, Леонардо да Винчи, Студиски посети и Етвининг - ДУЦОР Партение Зографски Скопје

    Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со ДУЦОР „Партение Зографски“ од Скопје, Ве поканува на презентација за секторската програма Комениус (општо образование) за секторската програма Леонардо да Винчи (стручно образование и обука),кои се составен дел од Програмата „Доживотно учење“ на Европската комисија како и за акциите Студиски посети и Етвининг. 

Агенда:

13:45-14:00 Регистрација на учесниците
14:00-14:10 Отворање на настанот  - Директор на ДУЦОР „Партение Зографски“ - Скопје, Блаже Митев
14:10-14:20 Обраќање на в.д. Директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност,  Дарко Димитров
14:20-14:40 Презентација за Секторска програма Комениус-  Раководител на Одделение Комениус, Никола Јаулески
14:40-15:00 Презентација за Секторска програма Леонардо да Винчи-  Раководител на Сектор Стручно образование и обука, М-р Лулеса Илјази
15:00-15:20 Презентација за акцијата Студиски посети – Раководител на одделение Студиски посети и студентски стажирања – Мила Протуѓер
15:20-15:40 Презентација за акцијата Етвининг – Раководител на одделение за ИКТ и Етвининг – м-р Дејан Златковски
15:40-15:55 Прашања и дискусија со присутните на настанот

    Присуствувајќи на овој настан, ќе се запознаете со можностите кои се отворени за Република Македонија преку програмата Комениус и Леонардо да Винчи и акциите Студиски посети и Етвининг, процедурата за аплицирање, апликациони форми, рокови за аплицирање, буџет.

    Презентацијата за Комениус, Леонардо да Винчи, Студиски посети и Етвининг ќе се одржи на 17.01.2012 во 14:00 часот.
Место: ДУЦОР „Партение Зографски“ , Скопје

Што претставува е еTwinning?

еTwinning е дел од  Програмата за доживотно учење.

    Интернет платформата на оваа програмска рамка како дел од Comenius дава можности за виртуелни проекти со партнерства на повеќе училишта од повеќе земји, со искористување на предностите што ги дава Информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) во процесот на комуникација и колаборација помеѓу образовните институции од цела Европа, размената на искуства и можноста да создаваат и прилагодуваат нови иновативни методи, пристапи и производи во основното и средното образование. 

    Задачата на еTwinning е поставување и развој на систем од мрежи помеѓу училиштата. Сите ученици од Европа, во рамките на своето основно и средно образование треба заедно со своите наставници да имаат можност за учество во образовни проекти со ученици и наставници од други европски земји. Ова искуство може да биде решавачко во поставувањето на европската димензија во образованието и формирање кај младите претстава и знаење за европскиот модел на јазична и културна разнообразност. еTwinning проектите служат и за професионален развој на наставниците и обучувачите преку користење на ИКТ.

    Оваа иницијатива ја поставува концепцијата на училишните партнерства на ново квалитативно ниво. Ја застапува идејата за соработка, којашто треба да опфаќа подолг временски период, да вклучува значаен број на наставници, директори на училишта и друг персонал, како и да создава односи и релации помеѓу во поширок спектар на дисциплини.

    еTwinning како платформа е лесна за употреба. Две училишта од различни земји формираат партнерство, за да работат заедно на општи проекти и да разменат идеи и искуство. Комуникацијата се спроведува преку Интернет и со користење на разнообразни ИКТ алатки без наметнување на потреба од физички контакт.

    еTwinning може да започне со партнерство помеѓу две одделенија и да прерасне во образовно партнерство што вклучува активности на повеќе нивоа; се опфаќаат различни образовни дисциплини и се развиваат професионалните способности и компетенции на наставниците што учествуваат во активностите.

Зошто еTwinning ?

    еTwinning го помага создавањето на партнерски мрежи помеѓу училиштата, воведува нови карактеристични методи на работа и им дава можност на младите во Европа да научат повеќе за културниот и социјалниот живот на другите во Европа, како и да ги подобрат своите јазични познавања. еTwinning претставува широк круг на можности за младите и за училишниот персонал за прифаќање на европското граѓанско самосознавање и културно богатство на Европа како ефикасно и забавно интерактивно доживување. Тоа е лесно достапен начин за испитување на нови образовни можности преку користење на ИКТ. 

    еTwinning ги насочува наставниците кон градење на релации и врски помеѓу наставните програми и создава претпоставки за запознавање со различни образовни системи. Уште повеќе, еTwinning ги помага заедничката работа на наставници и усовршувањето на нивните наставни методи.

    Секоја година во различни земји на ЕУ се организираат Семинари за професионален развој. Целта на организирањето и учеството на соодветни настани е создавањето на контакти, кои треба да прераснат во соработка, како и разработувањето на идеи за проекти на конкретна тема, кои треба да бидат реализирани со активно користење на ИКТ.

    Учеството на погодни настани се финансира од NSS (National Support Service) т.е. НСП (Националниот сервис за поддршка) на матичната земја на учесникот на настанот. Конкретната селекција на наставници и училишен персонал, кои треба да бидат финансирани се извршува од НСП според усвоени критериуми. Многу често финансирање на соодветен настан претставува еден вид на награда за одреден наставник, кој што се освоил некој еTwinning конкурс, или за посебен придонес во развојот и популаризирањето на еTwinning.

Како во еTwinning ?

    еTwinning можe да вклучи и соработка на определен проект или пообемен проект што го опфаќа целото училиште. Неопходните услови за опстанувањето на таков проект вклучуваат обезбедувањето на партнер училиште, на идеи, и на општа ангажираност за остварувањето на зацртаните цели.

    еTwinning се заснова на партнерски договор, со кој претставниците на училиштата изразуваат желба за започнувањето на соработката. Тој договор ги прецизира задачите и активностите, кои што се реализираат во рамките на партнерството. При исполнувањето на договорот партнерите се стремат кон развој на определени педагошки методи на взаемно дејство во согласност со националната наставна програма и плановите за училишен развој, ефикасно искористувајќи ја ИКТ.

    еTwinning партнерствата се регистрираат на европскиот Интернет портал еTwinning (www.etwinning.net). Интернет порталот еTwinning презентира виртуелни инструменти и алатки за наоѓање на партнери (пребарувачот „TwinFinder“) и содржи упатства и идеи за остварувањето на партнерски инцијативи и активности. Откако учесниците ќе се регистрираат за партнерството, тие добиваат пристап до широк спектар на материјали за поддршка и алатки.

Поддршка

    Поддршката на еTwinning се состои од широка мрежа на агенции. На национално ниво дејноста се администрира од Национален сервис за поддршка (НСП), кој што е во непрекинат контакт со Централниот сервис за поддршка (ЦСП) во Брисел. Во Република Македонија, НСП е претставен со Одделението за еTwinning при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Во сите национални структури за еTwinning во Европа, постоја обучени специјалисти, кои ги консултираат и помагаат заинтересираните училишта, наставници и ученици да се вклучат во дејноста.

    Интернет порталот еTwinning (www.etwinning.net) е повеќејазична платформа за еTwinning активностите. Порталот презентира новости и информација за развојот на еTwinning во Европа, содржи електронски формулар за регистрација и обезбедува пристап до различни виртуелни алатки како што е на пример пребарувачот за партнери „TwinFinder“ и личната Интернет околина „TwinSpace“.

    Националните Интернет страници ги одразуваат спецификите на одделни земји во однос на еTwinning  и прикажуваат сопствени виртуелни алатки за поддршка на училиштата. На националните страници може да се најде информација за наредните информативни настани, конкурси и натпревари, организирани како од НСП, така и ЦСП.

    Во ЦСП работи повеќејазична група на специјалисти што вклучува искусни наставници од повеќе европски земји. ЦСП функционира во тесна врска со колегите од сите европски НСП.

Награди

    Наградата еTwinning-знак има клучна улога во активностите на наградување. Овој знак е официјално признание за успешна меѓународна соработка и квалитетно исполнување на активностите. Процесот на наградување оди во неколку насоки:

  1. Автоматски по започнувањето на соработката училиштата добиваат официјален сертификат еTwinning-знак, кој што е потврда за нивното учество во еTwinning.
  2. Знак за квалитет може да биде врачен на училишта чија соработка одговора на критериуми како што се ефективно користење на ИКТ, учество на целото училиште и придонес кон извршените активности за размена на добри педагошки практики помеѓу училиштата. Знакот за квалитет се добива со кандидатура кон НСП. Ако две училишта што работат на заеднички проект ги добијат соодветните националните знаци за квалитет во матичните земји, тогаш  по автоматизам училиштето добива Европски знак за квалитет.
  3. Друга насока за одбележување на учеството на наставниците во еTwinning е драчувањето на годишна Европска награда еTwinning, која што се доделува на најуспешните партнерства во Европа, поделени во повеќе категории. Наградата се доделува на официјална церемонија, заедничка за цела Европа.