Грундвиг

Програмата Грундвиг


Како се ракува со соодветен мобилен телефон?

Како да испратам е-меил на роднините во Норвешка?

Колку жените во Европа ги познаваат убавините на Македонија, и дали го пробале нашиот ајвар?

Какво е нивото на почитување на граѓанските права на Ромите во Франција?

Како најлесно да научам да зборувам италијански јазик?

Каква е гастрономијата и фолклорот во Шпанија?

Дали „бабиното благце“ е поеднакво вкусно во Бугарија, Велика Британија и Шведска?

Дали слепите лица од Македонија и Потругалија подеднакво добро користат компјутери?

Дали младите родители од Финска и Македонија се подеднакво подготвени да им пружат квалитетна родителска грижа на своите деца?

Какви се животните приказни на жените во Баскија и дали се тие во некоја мера слични на приказните на жените од Егејска Македонија?

Дали пензионерите во Унгарија, Македонија и Турција подеднакво здраво се хранат?   

Јас сум лице со хендикеп, можам ли слободно да патувам? 

Имам идеја, но како до партнери од ЕУ?

Грундвиг можеби го има одговорот.

Никогаш не е доцна за учење

tl_files/galerija/Grundvig_starecot.jpg

Николај Фредерик Грундвиг

Секторската програма Грундвиг е насочена кон образованието за возрасни ширум Европа. Настанува како резултат на согледувањата дека возрасните, па дури и младите кои го напуштиле предвремено училиштето  многу тешко се вклучуваат во образовни иницијативи во текот на својот живот.  Динамиката на пазарот на трудот, во современи услови, сепак, наметнува потреба од образовани, упатени и компетентни кадри.

Грундвиг посветува особено внимание на лицата со специфични образовни потреби, помага во развивање иновативни пристапи, материјали и извори и овозможува институционално јакнење на институциите во образованието на возрасни. Се однесува на наставата и потребите за учење што се поврзани со сите форми на учење на возрасните лица кои не се претежно од стручен карактер, како и на институциите и организациите кои обезбедуваат или овозможуваат каква било форма на можности за учење на возрасни од формален, неформален или информален карактер.

 

Секторската Грундвиг обработува теми од областа на генералното образование за возрасни. Во согласност со актуелните случувања, потребите за учење, демографските трендови и социо-економските услови во Европа, потпрограмата своето поле на делување го насочува кон:

  • Подобрување на позицијата на пазарот на трудот (нови квалификации за нови работни места и нови квалификации за старите работни места)
  • Квалитетно исполнување на слободното време и активно стареење.

 

Цели

Поттикнување на мобилноста и соработката во областа на образованието за возрасни низ цела Европа

  • Поддршка на лицата од чувствителни и маргинализирани социјални групи, постари лица и тие кои предвремено го напуштиле образованието
  • Поддршка на развојот на иновативни практики и нивен трансфер
  • Поддршка на развојот на иновативни ИКТ содржини, услуги, педагошки методи и пракса за доживотно учење
  • Подобрување на педагошките пристапи и раководењето на организациите

Кој може да учествува

Секој поединец, и/или организација која на некој начин е вклучен/а во образованието за возрасни, т.е.:

  • Учениците во образованието за возрасни
  • Институции и организации кои обезбедуваат можности за учење за возрасни
  • Институции вклучени во обуки за персоналот во образованието за возрасни, високо-образовни институции, истражувачки центри и тела засегнати со прашања за образованието за возрасни
  • Ученички и наставнички асоцијации, тела што обезбедуваат водење, советувачки и информациски сервиси
  • Лица и структури одговорни за системи и политики во областа на локално, регионално или национално ниво
  • Претпријатија, непрофитни организации, волонтерски тела, невладини организации.