Обука и вмрежување во областа на младинска работа и младински организации

Цели на Акција 4.3

    Под-акцијата 4.3 ја поддржува обуката за сите оние кои се активни во областа на младинската работа и младинските организации на ова поле, особено лидери на проекти, советници на млади и лица за мониторинг на овие проекти. Исто така, се поддржува размената на искуства, експертиза и добри практики помеѓу оние кои се активни во младинската работа и младинските организации, како и активностите кои може да доведат до основање на долготрајни, високо квалитетни проекти. 

Што претставува обука и поврзување во мрежи?

    Проектот за обука и поврзување во мрежи може да биде од два типа:

  • Проект со кој се промовираат размени, соработка и обука во областа на младинската работа. Се развива во поглед на имплементација на активност со која се поддржува градење на капацитетите и иновативност помеѓу партнерите, како и размена на искуства, експертиза и добри практики помеѓу оние кои се вклучени во младинската работа;
  • Проект кој води кон развој на понатамошни проекти во рамките на Програмата Млади во Акција. Се развива во поглед на имплементација на активност која им помага на сите потенцијални промотери да подготват и развијат нови проекти во рамките на Програмата Млади во Акција, особено преку обезбедување на поддршка и know-how за развој на тие проекти; поддршка за пронаоѓање на партнери; алатки и средства за подобрување на квалитетот на проектите. 

    Во рамките на овој повик за предлози, предност ќе се даде на апликантите на кои ова им е прв европски проект, или на проекти од помал обем во однос на бројот на вклучени учесници.  

    Проектот за размена на млади луѓе има три фази: 

  • Планирање и подготовка
  • Имплементација на активноста
  • Евалуација (вклучително и размислувања за можни последователни активности). 

    Неформалните принципи и практики за учење се одразуваат во текот на проектот.

    Активности за обука и поврзување во мрежи

    Проект за обука и поврзување во мрежи се развива во поглед на имплементација на една од следниве активности:  

    Учење на работното место со набљудување (практично искуствено учење) - Краток престој во партнер организација во друга земја, со цел да се разменуваат добри практики, да се стекнат вештини и знаење и/или градење на долготрајни партнерства преку партиципативно набљудување. 

    Практична посета - Краток состанок со потенцијалните партнери за да се истражи и/или подготви потенцијален транснационален проект. Практичните состаноци имаат за цел да ја подобрат и развијат постоечката соработка и/или да се подготват за иден проект во рамките на Програмата Млади во Акција. 

    Состанок за евалуација - Состанок кој е планиран со партнерите, со цел да се направи евалуација на претходни состаноци, семинари, курсеви за обука. Ваквите состаноци им помагаат на партнерите да ги оценат и дискутираат потенцијалните последователни активности, откако ќе се зафатат со заеднички проект. 

    Студиска посета - Организирана студиска програма, за краток период, која нуди преглед на младинската работа и/или одредбите на младинската политика во една земја. Студиската посета е фокусирана на одредена тема, и се состои од посети и состаноци за различни проекти и организации во одредена земја. 

    Активност за градење на партнерства - Настан кој е организиран за да им се овозможи на учесниците да најдат партнери за транснационална соработка и/или за развој на проект. Притоа се поврзуваат потенцијалните партнери, и се олеснува развојот на нови проекти на одредена избрана тема и/или акција во рамките на Програмата Млади во Акција. 

    Семинар - Настан кој е организиран за да се обезбеди платформа за дискусија и размена на добри практики, врз основа на теоретски информации, околу избрана тема или теми кои се релевантни на полето на младинската работа. 

    Курс за обука - Образовна програма за учење на конкретни теми, која има за цел да ги подобри способностите, знаењето, вештините и ставовите на учесниците. Курсевите за обука водат кон високо квалитетна пракса во областа на младинската работа генерално и/или поконкретно за проекти од Програмата Млади во Акција.

    Вмрежување - Комбинација на серија активности со цел да се создаде нова мрежа, или да се зајакне постоечката мрежа во рамките на Програмата Млади во акција.