Интензивни јазични курсеви

    Еразмус интензивните јазични курсеви се специјализирани курсеви за помалку користени јазици и јазици кои поретко се изучуваат. Овие курсеви се со времетраење од 2 до 6 недели (најмалку 60 часа вкупно или минимум 15 часа неделно). Еразмус интензивните јазички курсеви се организираат во земји каде овие јазици се користат во наставата на Високообразовните институции носители на Еразмус Универзитетска Повелба.

Оваа акција не е отворена за Р. Македонија за академската 2012/13.
 
    Јазици кои се изучуваат во рамките на овие курсеви се:
Белгија (Холандски); Бугарија (Бугарски); Кипар (Грчки); Чешка (Чешки); Данска (Дански); Естонија (Естонски); Финска (Фински и Шведски); Грција (Грчки); Хрватска (Хрватски); Унгарија (Унгарски); Исланд (Исландски); Италија (Италијански); Латвија (Латвиски); Литванија (Литвански); Малта (Малтешки); Холандија (Холандски); Норвешка (Норвешки); Полска (Полски); Португалија (Португалски); Романија (Романски); Словачка (Словачки); Словенија (Словенски); Шпанија (Каталонски, Валенсиски, Баскиски, Галициски); Шведска (Шведски); Швајцарија (Италијански) и Турција (Турски).
  
    Еразмус интензивните јазични курсеви се достапни за студентите пред или за време на нивната Еразмус мобилност како и за Комениус или Грундвиг асистенти. Еразмус интензивните јазични курсеви им даваат можност на Еразмуз студентите да ги подобрат нивните лингвистички способности за јазикот на земјата каде престојуваат со што би биле подобро подготвени за нивниот престој во странство.