Интензивни програми

Еразмус интензивните програми представуваат кратки наставни модули/програми кои вклучуваат професори и студенти од минимум 3 различни Високообразовни институции носители на Еразмус Универзитетска Повелба.

Активностите се во форма на интензивна работа по одредени проекти или содржини (не поврзани со редовниот курикулум) на кои мора да учествуваат најмалку 10 студенти од странските Еразмус партнерски организации и да се со времетраење од минимум 10 работни дена до максимум 6 недели.

Оваа акција не е отворена за Р. Македонија за академската 2012/13.