Кој може да учествува

Критериуми за учество

Само апликациите кои ги исполнуваат следниве критериуми ќе се сметаат за валидни и ќе бидат предмет на детална евалуација.

Апликанти кои може да учествуваат

Програмата Млади во Акција е наменета за млади луѓе на возраст од 13 до 30 години.

Главна целна група на програмата „Млади во акција“ се млади луѓе на возраст од 15 до 28 години.

Во акцијата 4.3 Тренинг и поврзување во мрежи нема старосна граница.

Апликантите кои може да учествуваат во рамките на овој Повик за предлози, мора да бидат законски основани во Република Македонија.

За да го докаже својот правен идентитет, апликантот мора да ги достави следниве документи:

Невладини организации:

- Формулар за идентификација на правното лице прописно потпишан од лицето кое е овластено да стапува во законски обврзувачки договори во име на организацијата апликант;
- Извадок од службен весник или еднаков на тој документ, и документ со кој се потврдува дека е обврзник за ДДВ (ако, како што е случај во некои земји, бројот во трговскиот регистар и ДДВ бројот се идентични, само еден од тие документи се бара да се достави);
- Формулар за идентификација на банката кој е прописно пополнет и потпишан од страна на сопственикот на сметката во банка и заверено од банката.

Јавни субјекти:

- Формулар за идентификација на јавниот субјект кој е прописно потпишан од страна на лицето кое е овластено да стапува во законски обврзувачки договори во име на организацијата апликант;
- Копија од официјалниот документ за основање на јавниот субјект, или друг официјален документ подготвен согласно на законот за јавни субјекти;
- Формулар за идентификација на банката кој е прописно пополнет и потпишан од страна на сопственикот на сметката во банка и заверен од банката.