Комениус

КОМЕНИУС: ЕВРОПА ВО ВАШАТА УЧИЛНИЦА 

Секторската програма Комениус се фокусира на првата фаза на едукација, од предшколско до средно  образование. Таа е релевантна за сите членови вклучени во образованието: ученици,  професори, локални авторитети, здруженија на родители, невладини организации, институции за обука на професори, универзитети и друг образовен кадар.
Како дел од програмата  Доживотно учење, Комениус се труди да го развие знаењето за различноста на европските култури, јазици и вредности и разбирањето помеѓу младите луѓе и образовниот кадар. Комениус им помага на младите луѓе да ги развијат основните вештини и компетенции потребни за нивен личен развој кои ќе им помогнат при идното вработување и активно граѓанство. Секторската програма работи со прашања силно поврзани со тековните дискусии и развој на училишната политика. 

ЦЕЛИ 

Секторската програма Комениус ги има следниве цели: 

  •  Да ја подобри и зголеми мобилноста на учениците и образовниот кадар во различни земји членки; 
  • Да ги засили и зголеми партнерствата помеѓу училиштата во различни земји членки, со најмалку три милиони ученици кои ќе земат учество во образовните активности до 2010;
  • Да го охрабри учењето на јазици, иновативни информатички технологии, сервиси и подобри образовни техники и пракси;
  • Да го засили квалитетот и европската димензија на обуките на професорите; 
  • Да го подобри педагошкиот пристап и училишниот менаџмент; 

ТЕКОВНИ ПРИОРИТЕТИ 

Секторската програма Комениус се фокусира на следниве приоритетни подрачја:

  •  Мотивација за учење и учење-да-се-учи вештини;
  • Клучни компетенции: подобрување на учењето јазици, поголема писменост, правењето науката да биде атрактивна, подршка на претприемништвото  и поддржување на креативноста и иновативноста; 
  • Училишен менаџмент;
  • Забележување на социо-економските недостатоци и редуцирање на прераното напуштање на образованието; 
  • Учење на различни групи ученици;
  • Рано и предшколско образование; 

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА ? 

  • Учениците во училишното образование до последното ниво на средно образование; 
  • Училишта, како што е утврдено од земјите членки, од предучилишното до последното ниво на образованието; 
  • Наставници и други категории на кадар во училиштата; 
  • Здруженија, непрофитни организации, НВО и нивни претставници вклучени во училишното  образование; 
  • Лица и тела кои се одговорни за организација и спроведување на образованието на локално, регионално и национално ниво; 
  • Истражувачки центри и тела кои се занимаваат со прашања поврзани со доживотното учење; 
  • Високообразовни институции; 
  • Тела кои обезбедуваат водство, советување и услуги за информирање; 

КОЈА Е РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНИ И ЦЕНТРАЛИЗИРАНИ АКЦИИ ? 

За децентрализираните акции апликациите се праќаат во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
За централизираните акции апликациите се праќаат во Извршната агенција во Брисел. 

ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНИ АКЦИИ ЦЕНТРАЛИЗИРАНИ АКЦИИ
1.   Комениус - Подготвителни посети 1.  Комениус мултилатерални проекти
2.   Комениус Обука на работно место 2.  Комениус мултилатерални мрежи
3.   Комениус билатерални училишни партнерства 3.  Комениус придружни мерки
4.   Комениус мултилатерални училишни партнерства Апликациите се праќаат во Извршната агенција во Брисел
5.   Комениус позиција на асистент
6.   Комениус асистентска позиција (училиште домаќин)
7.   Комениус регио партнерства
8.   Комениус индивидуална ученичка мобилност 
Апликациите се праќаат во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност