Како дел од Програмата Доживотно учење, Секторската програма Леонардо да Винчи финансира различни видови на активности за различни скалила на возраст, улога, цел и идеја за проект.
Леонардо да Винчи овозможува на организациите кои се поврзани со стручно образование и обука да работат со европски партнери, да вршат размена на најдобрите практики, да ја зголемат стручноста на нивниот персонал, ученици, вработени итн.
Цели на програмата Леонардо да Винчи
-Да ги поддржи учесниците во обука, при понатамошното обучување и употребата на знаењето, а со тоа за унапредување на личниот развој преку подобрувањето на способностите и квалификациите;
-Подобрување на квалитетот и поддршка на иновацијата во стручното образование и обука, во институции и претпријатија;
-Да ја заголеми атрактивноста на стручното образование и обука и мобилноста на вработените и физичките лица, како и да ја поддржи мобилноста на практикантите (стажанти).
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА
- Институции или организации кои обезбедуваат можности за учење во областите опфатени со Леонардо да Винчи програмата;
- Асоцијации и нивни претставници кои се вклучени во стручното образование и обука, вклучително и асоцијации на практиканти, родители и наставници;
- Претпријатија, социјални партнери, и други претставници од работната сфера, вклучително и стопански комори и други трговски организации;
- Тела кои обезбедуваат водство, советување и информативни услуги кои се поврзани со аспекти од доживотното учење;
- Тела одговорни за системи и политики кои се однесуваат на аспекти од доживотното учење во стручното образование на национално, регионално и локално ниво;
- Истражувачки центри и тела кои се занимаваат со прашања поврзани со доживотното учење;
- Високообразовни институции;
- Непрофитни организации, волонтерски тела, Невладини организации
ЗЕМЈИ УЧЕСНИЦИ ВО ПРОГРАМАТА
- 27 земји-членки на Европската Унија;
- Исланд, Лихтенштајн Норвешка и Швајцарија (European Free Trade Association (EFTA-ЕЕА) – т.е. оние кои се членки на Европската слободна трговска асоцијација и кои припаѓаат на Европскиот економски простор)
- Турција и Хрватска