Мобилност на наставен кадар

    Програмата Еразмус нуди за наставниот персонал кој е ангажиран во високообразовна институција носител на Еразмус Универзитетска Повелба можност за наставен ангажман во Еразмус партнерска институција која е исто така носител на Еразмус Универзитетска Повелба.

Акцијата цели:
  • да овозможи на студентите кои не се дел од програми за мобилност да искусат како е да се учи во меѓународна средина,
  • да поддржи размена на знаења и искуства од аспект на аплицираните методологии при наставниот процес,
  • да ги поддржи високообразовните институции да ги прошират и збогатат содржините на наставниот процес и курсевите кои ги нудат.
    Високообразовната институција сите критериуми за избор треба транспарентно да ги наведе во повикот а истиот, заедно со евентуалните пропратни документи, треба да бидат достапни до сите лица на високообразовната институција.
Изборот на лицата кои би партиципирале во овој вид на мобилност се врши во склоп на високообразовната институција. Националната агенција за европки образовни програми и мобилност на ниеден начин не е вклучена во процесот на избор.
  
Други релевантни информации
  • времетраењето на мобилноста за наставен ангажман е од 5 часа настава минимум до 6 недели.