Мобилност на студенти

    Еразмус како европска програма за соработка во полето на високото образование нуди можност студентите да поминат дел од нивните студии или практична работа во некоја од земјите кои учествуваат во Програмата (мобилност од Р. Македонија може да се оствари исклучиво кон некоја од земјите членки на Европската Унија). Оваа можност е отворена само за студенти чиј универзитет учествува во Програмата Еразмус т.е. е носител на Еразмус Универзитетска Повелба.

Цели на студентската мобилнос за студирање:

  • да ги подобри знаењата на студентот како и неговите лингвистички и културолошки познавања преку студирање во странство,
  • да поттикне соработка помеѓу високообразовните институции и да ја збогати наставната средина,
  • да придонесе кон развојот на млади индивидуи кои биле висококвалификувани идни професионалци сомеѓународни познавање и искуство,да го фасилитира процесот на трансфер на кредити и признавање на другите квалификации стекнати за време на престојот во странство користејќи ЕКТС или друг компатибилен систем.
Целите на студентската мобилност за стажирање е да се помине студиски период во компанија или слична организација во некоја од земјите членки на ЕУ со цел лицето да се адаптира на потребите на новиот Европски пазар на труд, да се здобие со вештини и да ги подобри разбирањата за економската и социјалната култура на земјата каде престојува.
 
Критериуми за учество и избор
  • Студентот треба да биде минумум втора година (трет семестар),
  • Студентот треба да има Македонско државјанство.
    Високообразовната инстицуција носител на Еразмус Универзитетска Повелба може да ги прошири овие критериуми. Сите критериуми треба транспарентно да бидат наведени во повикот а истиот, заедно со евентуалните пропратни документи, треба да бидат достапни до сите студенти на високообразовната институција. Додатните критериуми за избор ги одредуваат образовните институции, и може да се засновани на академски заслуги, мотивација, соодветно познавање на странски јазик, итн.
Изборот на лицата кои би партиципирале во овој вид на мобилност се врши во склоп на високообразовната институција. Националната агенција за европки образовни програми и мобилност на ниеден начин не е вклучена во процесот на избор.

Други релевантни информации

  • Времетраењето на Еразмус студентската мобилност за студирање е од 3 до 12 месеци.
  • Студентот да е запишан на високообразовна институција од Р. Македонија носител на Еразмус Универзитетска Повелба.
  • Пред заминувањето студентот потпишува договор со неговата високообразовна институција. Овој договор го вклучува договорот за учење кој ги дефинира предметите кои студентот ќе ги полата и бројот на кредити според ЕКТС кои тие предмети ги носат. Периодот на мобилност мора да е препознаен и признат од домашната институција, во согласност со договорот за учење.
  • Студентите добиваат предфинансирање од Еразмус грантот пред заминувањето (помалку од 100% од вкупниот грант), освен ако нивните матични институции не одлучат да ја доделат целата сума. Матичните институции мора да им обезбедат на студентите кои заминуваат во странство копија од Еразмус Универзитетската Повелба, која ги дефинира основните права и обврски на студентите кои учествуваат во Еразмус. 
  • По враќањето на нивните матични универзитети, студентите треба да достават транскрипт (препис) на оценки од Универзитетот кој им бил домаќин, како и извештај. Тогаш го добиваат остатокот од Еразмус грантот.
  • Студентот не треба да плаќа школарина за неговиот престој во Високообразовната институција во странство. Исто така Еразмус студентот не плаќа за користење на библиотека, лабораторија и слични расходи поврзани но неговиот Еразмус престој.
  • Студентот ја задржува евентуалната стипендија која ја има добиено и покрај средствата кои ги добива од Еразмус програмата.