Национална агенција

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е Јавна Институција која е формирана со Закон донесен од страна на Собранието на Република Македонија.

Целта на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е промоција и спроведување на европските образовни програми во Република Македонија.

Националната агенција со остварување на програмите придонесува во развојот на заедницата како општество засновано на напредно знаење, со одржлив економски развој, повеќе и подобри работни места и поголема социјална кохезија, истовремено обезбедувајќи заштита на средината за идните генерации а особено размена, соработка и мобилност во областа на образованието и обуката.

Корисници на програмите можат да бидат: ученици, студенти, наставници, професори обучувачи и друг персонал кој е вклучен во било кој дел од образовниот процес, претпријатија и други правни лица вклучувајќи ги и трговските друштва, стопанските комори и други здруженија на правни лица од областа на индустријата, истражувачки центри и тела како и здруженија на граѓани и фондации.

Главни корисници на програмите ќе бидат:

  • Комениус - основните и средните училишта
  • Леонардо да Винчи - сите институции кои се вклучени во стручно образование и обука
  • Еразмус - универзитетите
  • Грундвиг - институции што работат во сферата на образованието на возрасни
  • Е-твининг - основни и средни училишта, детски градинки
  • Млади во акција - невладини организации, јавни тела, неформална група на млади луѓе