Новости

Работен состанок на Директорот на Националната агенција г-дин Дарко Димитров и Министерот за образование и наука на Република Македонија г-дин Спиро Ристовски во однос на Јавниот Повик за програмата ЕРАЗМУС ПЛУС и изјави за медиумите.

18-01-2014 15:01

На 16ти декември на Генералната конференција за отпочнување на програмата Еразмус плус во Македонија, Националната агенција го најави повикот за поднесување на предлог проекти  кој во текот на денешниот ден беше објавен  на веб страната на Националната агенција, на официјалниот фејсбук профил и во дневните весници. Би сакал да додадам дека Република Македонија во програмата Еразмус плус учествува полноправно  и рамноправно со зите земји на Европската унија што значи дека сите можности кои ги овозможува програмата во целост се достапни и за македонските граѓани.

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС ПЛУС

14-01-2014 17:27

На 12 декември 2013 година, Европската Комисија го објави Повикот за предлог проекти за Програмата Еразмус+. Составен дел на овој Повик е Водичот за Програмата Еразмус+.

Националната агенција ги повикува сите заинтересирани установи и организации од Република Македонија да започнат со изготвување на своите предлог проекти и да ги достават согласно предвидените рокови објавени во Повикот до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност односно Извршната агенција за образование, култура и аудиовизуелни политики, зависно од тоа за која од активностите  на Програмата Еразмус+ доставуваат проекти.

Физички лица не можат директно да аплицираат, туку ќе мораат да се обратат до своите установи, организации или компании кои што се подобни да аплицираат.

Текст на Повикот на македонски јазик.

Повеќе...

Активност за градење партнерства во Млади во акција - Крушево, 16-19 декември 2013

10-01-2014 14:26

Во периодот од 16-19 декември 2013 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во партнерство со НА од Финска и Шведска реализираше активност за градење на партнерства. Настанот се одржа во Хотел Монтана во Крушево на кој земаа учество претставници од 16 различни земји ширум Европа со времетраење од четири работни денови.

Повеќе...

Инфо-ден за ЕРАЗМУС ПЛУС, ЕУРОПАС и ЕВРИДИКА во Битола - 23 декември 2013

26-12-2013 14:18

На 23 декември 2013 Националната агенција организираше инфо ден во Битола на кој што, координарот на потпрограмата Комениус М-р Никола Јаулески и националниот еТвининг координатор М-р Дејан Златковски, ги презентираа програмата ЕРАЗМУС ПЛУС и акциите ЕУРОПАС и ЕВРИДИКА.

Повеќе...

Резултати за Студиски посети за втор рок (22 јули - 15 октомври) 2013 година

24-12-2013 11:22

Резултати од повикот за Студиски посети - мобилност (втор рок) 2013 во склоп на Програмата доживотно учење за Република Македонија се достапни на следниот  линк.

Повеќе...

Генерална конференција за имплементација на ЕРАЗМУС ПЛУС програмата - 16 декември 2013

18-12-2013 10:17

На 16 декември 2013 година, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја организира Генералната конференција за имплементацијата на ЕРАЗМУС ПЛУС програмата (2014-2020г.).

Повеќе...

Европската Комисија ги објави Повикот и Водичот за програмата Еразмус +, новата програма на ЕУ за образование, млади и спорт

13-12-2013 11:21

Организациите кои сакаат да користат фондови од Еразмус+, новата програма на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт, можат да започнат да ги подготвуваат своите апликации за грант почнувајќи од денес. Водичот за програмата Еразмус+, кој обезбедува детални информации за тоа како да се аплицира, е достапен овде. Програмата е отворена за организациите во областа на образованието, обуката, младите и спортот. Тие можат да аплицираат електронски за фондови од крајот на јануари. Индивидуалци нема да можат да аплицираат за грант дирекно; наместо тоа, треба да ги контактираат нивните универзитети, институции или организации, кои ја подготвуваат апликацијата.

Повеќе...

Еразмус чартери за новата програма Еразмус + 2014-2020 година

10-12-2013 20:00

Извршната агенција за образование, култура и аудивизуелни политики при Европската комисија ги објави носителите на Еразмус универзитетски повелби – Еразмус чартери за новата програма Еразмус + 2014-2020 година.

Повеќе...

Резултати за потпрограмата ГРУНДВИГ акција Посети и Размени 2013 - до 01 август 2013

04-12-2013 14:38

Националната агенција ги објави резултатите за 2013 година (заклучно со 01 август 2013) за Грундвиг  Посети и Размени. Резултатите можете да ги најдете на следниот линк.

Повеќе...

Резултати за потпрограмата ЕРАЗМУС за 2013 година

04-12-2013 13:48

Националната агенција ги објави резултатите за потпрограмата ЕРАЗМУС за 2013 година. Резултатите можете да ги најдете на следниот линк.

Повеќе...