Активност за градење партнерства во Млади во акција - Крушево, 16-19 декември 2013

10-01-2014 14:26

Во периодот од 16-19 декември 2013 година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во партнерство со НА од Финска и Шведска реализираше активност за градење на партнерства. Настанот се одржа во Хотел Монтана во Крушево на кој земаа учество претставници од 16 различни земји ширум Европа со времетраење од четири работни денови.  Програмата беше конструктивно реализирана со основи за пишување на проект, трансформација на програмата Млади во акција во новата Еразмус плус и последните два дена се работеше на склучување партнерства помеѓу учесниците и пишување на проекти со заеднички интереси. Националната агенција повторно излезе во пресрет за потребата и интересот на земјите од Европа да склучат партнерства со претставници од младински организации од Македонија како и останатите земји од ЈИЕ.  Неколку дневната работа на овој настан резултираше со конкретни проектни идеи кои беа разработени од учесниците и истите ќе бидат доставени во вид на проектна апликација во новата програмата Еразмус плус.

На следниов линк достапни се слики од реализираната активност.

Назад