Генерална конференција за имплементација на ЕРАЗМУС ПЛУС програмата - 16 декември 2013

18-12-2013 10:17

На 16 декември 2013 година, во хотелот Холидеј Ин во Скопје, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја организира Генералната конференција за имплементацијата на ЕРАЗМУС ПЛУС програмата (2014-2020г.).

Поздравен збор на конференцијата имаа Директорот на Националната агенција Г-дин Дарко Димитров, Министерот за образование и наука Г-дин Спиро Ристовски, и Шефот на одделот за оперативни работи на Делегацијата на Европската Унија во Скопје Г-дин Мартин Клауке.

За предизвиците, одговорностите и можностите што се отвораат за македонските граѓани преку полноправното членство во ЕРАЗМУС ПЛУС и ЕУРОПАС зборуваа Г-ѓа Вјерослава Зуфова и Г-дин Педро Чавез од Генералниот директорат за образовние и култура на Европската Комисија. Свои презентации за практичните аспекти на ЕРАЗМУС ПЛУС; ЕУРОПАС И ЕВРИДИКА одржаа ЛЛП Координаторот Г-дин Гоце Величковски и Националниот еТвининг Координатор Г-дин Дејан Златковски.

Слики од настанот можете да најдете на следниот линк.

Назад