Инфо-ден во општина Тетово

03-12-2013 12:03

Почитувани,

Македонската Национална агенција за европски образовни програми и мобилност има чест да Ве покани на инфо-ден за презентација на своите активности во кои што и Вие имате шанса да се вклучите.

Инфо-денот ќе се одржи на 05 декември (четврток) во ректоратот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово со почеток во 10:00 часот.

Настанот е од отворен карактер. Сите заинтересирани можат да присуствуваат и на тој начин дополнително да се информираат за програмите за агенцијата.

Во рамки на инфо-денот ќе има презентација на програмата "Доживотно учење" и ќе бидат истакнати деталите од неколку успешно спроведени проекти. Пред присутните ќе биде претставена новата програма на Европската комисија во делот на образованието, обуката и младите, "Еразмус плус 2014-2020", како и иницијативите на ЕУ "Еуропас" и "Евридика".

Датум: 05 декември 2013
Време: 10:00
Локација: Ректорат на Универзитетот на Југоисточна Европа - Тетово

tl_files/images/web-pokana-DzEEU.JPG

 

Назад