Одржан воведен состанок за добитниците на грант од Програмата „Млади во акција“

11-06-2013 15:26

На ден 10.06.2013 година во просториите на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност се одржа воведен состанок за добитниците на грант од Програмата „Млади во акција“, (добитници на грант од првиот рок (1 февруари ) во 2013 година, во рамките на „Повикот за апликации 2013“ јавно објавен.

На воведниот состанок, добитниците на грант од првиот рок за поднесување на апликации беа запознаени со сите правила и детали во врска со имплементирањето на проектите за финансиските и практичните промени согласно новата финансиската регулатива и правилата за аплицирање за 2013. Во врска со процесите за менаџирање учесниците детално беа запознаени со целокупниот проектен циклус, финансиските правила за Програмата Млади во акција, обврските за вршење евалуација и дисеминација на проектите како и советодавен пристап кон практично изработување на финалните извештаи.

Слики од настанот на следниот линк.

Назад