Општи информации

23-12-2012 19:24

    Специфичните цели на Програмата се споменати подолу. Тие обезбедуваат дека Програмата за Доживотно Учење гиподдржува и надополнува акциите кои се превземени од Земјите Членки и другите Земји кои учествуаат во Програмата, истовремено целосно почитувајќи ги нивните обврски кон содржината на системите за образование и обука и нивните културни и лингбистички разлики.

    Програмата им овозможува на лицата кои се во било кој степен од нивните животи да се вклучат во едукативни активности насекаде во Европа. Има четири подпрограми кои се фокусираат на различни нивоа на образование и обука и ги продолжуваат предходните програми:

    Програмата за Доживотно Учење цели кон допринос во процесот на учење и создавање на ЕУ со напредно образовано општество кое ќе биде основа за одржлив економски развиток, повеќе и подобри работни места и поголема социјална кохезија. Конкретно, се труди да создаде внатрешна размена, соработка и мобилност помеѓу институциите за образование и обука и систем во ЕУ кој ќе биде лидер во Светот. На овој начин се осврнува на модернизацијата и прилагодувањето на системите за образование и обука во земјите членки, конкретно во контекст на целите од Лисабонската Агенда. 

Normal 0 false false false EN-US X-NONE X-NONE MicrosoftInternetExplorer4 

Комениус за училишта
е програма која го тангира образовниот и административниот кадар влучен во образование на деца од предшколска до гимназиска возраст. Различните акции се однесуваат на сите оние кои сакаат да го продлабочат својот личен развој со обука во странство или да ги вклучат своите ученици во Комениус партнерство. Исто така Комениус поддржува соработка помеѓу училиштата преку нивно училишно вмрежување. 
Леонардо да Винчи за стручно образование и обука

ги поврзува политиките и праксата во областа на стручното образование и обука. Проектите имаат широк опсег и ги поддржуваат индивидуалците во подобрување на нивните способности, знаење и вештини преку одреден период поминат надвор, до Европска соработка помеѓу ВЕТ партнерите со цел поттинување на атрактивноста, квалитетот и изведбата на ВЕТ стандардите и практиките. 

Грундтвиг за образование на возрасни

ги адресира потребите за учење и изведување настава поврзани со сите форми на образование на возрасни кои не се од доминантна стручна природа, како и институции и организации кои обезбедуваат било каква форма на можности за учење на возрасни – било од формална, нефомална или информална природа – вклучувајќи и и оние во почетната фаза на обука како и обуката преку пракса на персоналот. 

Студиски Посети

Поддршка за искусни лица во полето на образованието и стручната обука, како и компаративни истражувања во овие полиња на Европско ниво. Основната цел е да се поддржи соработката во програмата за Доживотно Учење и да се обезбеди соодветни и доволни статистички, аналитички и други информации.

Еразмус за високо образование

Програмата Еразмус е двигател на модернизацијата на високото образование во Европа и го инспирираше воспоставувањето на Болоња процесот. Генералната цел на програмата е да креира Еуропеан Хигхер едуцатион Ареа и да промовира иновативност ширум Европа. Академската мобилност која ја овозможува програмата Еразмус им овозможува на индивидуалците можности за студирање, работа и живот во различни академски, културни и општествени околности. Како резултат на тоа, мобилните личности ги згилемуваат своите можности за вработување, т.е ја големуваат нивната конкурентност на пазарот, се зајакнува општествената свест на поединците и се зголемува прагот на толеранција, како и свеста за потребата за борба против сите видови на дискриминција. 

Назад