Работен состанок на Директорот на Националната агенција г-дин Дарко Димитров и Министерот за образование и наука на Република Македонија г-дин Спиро Ристовски во однос на Јавниот Повик за програмата ЕРАЗМУС ПЛУС и изјави за медиумите.

18-01-2014 15:01

Работен состанок на Директорот на Националната агенција г-дин Дарко Димитров и Министерот за образование и наука на Република Македонија г-дин Спиро Ристовски во однос на Јавниот Повик за програмата ЕРАЗМУС ПЛУС и изјави за медиумите.

 

Изјава на Директорот на Националната агенција Дарко Димитров

 

На 16ти декември на Генералната конференција за отпочнување на програмата Еразмус плус во Македонија, Националната агенција го најави повикот за поднесување на предлог проекти  кој во текот на денешниот ден беше објавен  на веб страната на Националната агенција, на официјалниот фејсбук профил и во дневните весници. Би сакал да додадам дека Република Македонија во програмата Еразмус плус учествува полноправно  и рамноправно со зите земји на Европската унија што значи дека сите можности кои ги овозможува програмата во целост се достапни и за македонските граѓани.

Националната агенција во следните денови ќе ја стави во функција и новата веб страна која содржи нови визуелни и функционални решенија со цел полесно и поквалитетно информирање на заинтересираните институции. Воедно во текот на денешниот ден близу илјада  регистрирани корицници на електронскиот билтен на Националната агенција МОБИЛНОСТ МК ќе го добијат четвртото издание кое го содржи повикот за Еразмус плус како и други корини содржини. 

На денешниот работен состанок со Министерот за образование и наука на Република Македонија г-динот Спиро Ристовски беа дискутирани сите овие теми и воедно заеднички ги превземаме сите неопходни чекори за успешна имплеметација на Еразмус плус во Македонија. Документите и активностите потребни за назначување на Националната агенција за управување на сите овие  европски  програми и иницијативи се во завршна фаза и се усогласени со Европската комисија.

 

Слики од настанок можете да видите на следниот линк.

Назад