Учество на Националната агенција на Меѓународниот академски курс – 08 јули 2013 (Градежен Факултет - УКИМ)

09-07-2013 15:31

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на ден 08.07.2013 година во рамките на летниот меѓународен академски курс одржа презентација на програмите Доживотно учење (Еразмус, Комениус, Грундвиг, Леонардо да Винчи и Студиски посети) и Млади во акција. На презентацијата присуствуваа студенти од земјите членки на Европската Унија како и студенти од Р. Македонија. Присутните беа запознаени со начинот на аплицирање, правилата за имплементирање на проектите и финансиските регулативи. Во врска со процесите на менаџирање учесниците детално беа запознаени со целокупниот проектен циклус, финансиските правила, обврските за вршење евалуација и дисеминација на проектите како и советодавен пристап кон практично изработување на финалните извештаи.

Слики од настанот можете да видите на следниот линк.

Назад