Обука на работно место
Активноста им овозможува на наставниците и едукаторите во образованието за возрасни да посетат одреден структуриран курс во друга ЕУ земја.
Теми:
- Содржина и настава во образованието за возрасни
- Пристапност на образовните можности за возрасните, особено маргинализираните социјални групи
- Управување со образованието за возрасни на локално и национално ниво, администрација, обезбедување квалитет, развивање на шеми базирани на заедниците итн
- Системски/структурни аспекти на образованието за возрасни.
Учесниците можат да развијат практични вештини на настава, советување, и/или управување. Курсевите треба да имаат силно изразена ЕУ димензија и да се поврзани за професионалните активности на апликантот. Можна листа на потенцијални курсеви тука: http://ec.europa.eu/education/trainingdatabase/ (листата не е од ексклузивен карактер).
Времетраењето на активноста е од 5 работни дена до 6 недели. Националната Агенција може да понуди поддршка во наоѓањето и изборот на соодветен курс.
Оваа активност е децентрализирана. Апликациите и придружните документи се поднесуваат до Националната Агенција.