Општи цели и приоритети

Општите цели кои се наведени во одлуката за основање на програмата Млади во акција, се следниве:

•    Промовирање  на  активното  граѓанство  на  младите  луѓе  воопшто и  особено  на нивното европско граѓанство; 
•    Развивање  на  солидарност  и  промовирање  на  толерантност  помеѓу  младите  луѓе, особено за да се поттикне социјалната кохезија на Европската Унија; 
•    Да се поттикне взаемно разбирање помеѓу младите луѓе во различни земји; 
•    Да  се  придонесе  кон  развивање  на  квалитетот  на  системите  за  поддршка  на младински активности и способностите на организациите од граѓанското опшество во областа на младите луѓе; 
•    Промовирање на европска соработка во областа на младите луѓе. 

Постојани приоритети кој треба да се земат во предвид се:

1) Европско граѓанство

Подигањето  на  свеста  на  младите  дека  и  тие  се  европски  граѓани,  е  приоритет  за 
програмата  “Млади  во акција“.  Целта  е  да  се  охрабрат  младите  кон  размислување  на 
европски теми, вклучувајќи го и европското граѓанство, и да се инволвираат во дискусија 
околу  изградбата  и  иднината  на  Европската  Унија.  Врз  оваа  основа,  проектите  треба  да
имаат  силна  европска  димензија  и  да  стимулираат  кон  размислување  околу 
новонастанатото европското оптштество и неговите вредности. 

2) Учество на млади луѓе

Главен приоритет на програмата Млади во Акција е активното учеството на млади луѓе во 
нивниот секојдневен  живот  и  преку  тоа  да  се  потикнат  да  бидат  активни  граѓани.  Овој 
приоритет ги содржи следните три димензии: 

•    Да се зголеми учеството на младите луѓе во граѓанскиот живот во нивната заедница; 
•    Да се зголеми учеството на младите луѓе во демократските процеси; 
•    Да се зголеми подршката за различни форми на учење за тоа како да се учествува. 

Проектите  финансирани  под  програмата  “Млади  во акција“  треба  да  ги  одразуваат  овие 
димензии  и  да  го  применуваат  активното  учество  како  педагошка  мерка  за 
имплементација на проектот. 
 
3) Културна разновидност

Почитта кон културната разновидност заедно со борбата против расизмот и ксенофобијата 
се  приоритети  на  програмата  “Млади  во акција“.  Преку  заедничките  активности  на 
младите луѓе од различни култури, етнички и религиски позадини, програмата има за цел
да создаде интеркултурно образование помеѓу младите луѓе. 


4) Вклучување на млади луѓе со ограничени можности

Значаен приоритет на Европската Комисија е да им се овозможи пристап на младите луѓе 
со  ограничени  можности  до  програмата     “Млади  во акција“.  Младинските  групи  и 
организации треба да преземат соодветни мерки за да се избегне исклучување на одредени 
таргетни  групи.  Програмата  “Млади  во    акција“    е  програма  за  сите,  и  треба  да  се 
направат  напори  за  вклучување  на  младите  со  посебни  потреби.  Во тесна  соработка  со
Националните  Агенции  и  САЛТО Ресурсните  центри,  Европската  Комисија  постави 
стратегија  за  вклучување  на  млади  со  ограничени  можности  во  програмата  “Млади  во 
акција“, особено таргетирајќи ги младите од  помалку привилегирани образовни, социо-
економски, културни или географски позадини, или инвалидизираните млади.