Општи информации

    Како дел од Програмата Доживотно учење, Секторската програма Леонардо да Винчи финансира различни видови на активности за различни скалила на возраст, улога, цел и идеја за проект. Тука се вклучени децентрализираните акции: Подготвителните посети, Мобилностите, Партнерства, Трансферот на иновации, а воедно и централизираните:Тематски мрежи, Придружни мерки и Развој на иновации.

    Со помош на Леонардо да Винчи на луѓето им се овозможуваат бенефиции при остварување на стаж во некоја Европска земја, размена на искуства, размена на стручна експертиза, како и запознавање и надминување на културните разлики и приближување на начините на работа, образование, обука на Европско ниво. Леонардо да Винчи придонесува во зголемувањето на атрактивноста на стручното образование и обука за младите луѓе преку овозможувањето да се стекнат со нови вештини, способности, знаења и квалификации. Имено, уште една придобивка од Леонардо да Винчи е тоа што преку аплицирањето на лицата на пазарот на трудот, автоматски се зголемува конкурентноста на Европскиот пазар на труд.

    Навлегувајќи во Секторската програма и нејзините акции, неизбежно е да се напоменат трите акции воМобилностите: Почетна стручна обука ИВТ (IVT- Initial Vocational Training); Луѓе на пазарот на трудот ПЛМ (People in the labour market); Професионалци во стручното образование ВЕТПРО (VETPRO – Professionals in vocational education and training). Важно е да се напомене дека Леонардо да Винчи Секторската програма финансира организации/институции, не индивидуи. Под ова се подразбира дека за Леонардо да Винчигрант може да аплицира легална правна регистрирана организација/институција, која е на некој начин вклучена во стручно образование и обука.Финансирањето за Мобилноститесе пресметува на основа по учесник, а тоа зависи од бројот на учесници кои ќе бидат испратени во странство како дел од проектот. Леонардо да Винчигрантот придонесува за финансирање на: Трошоци за менаџмент и организација, јазична и културолошка подготовка на учесниците, патни трошоци и дневни надоместоци. Со помош на овие средства ќе може да поминете определен број недели во земја на ЕУ во зависност од тоа за која акција ќе аплицирате.

    Aкцијата Партнерства Леонардо да Винчи поддржува размена на работни пракси, знаење и вештини од областа на стручното образование и обука ширум Европа. Средствата предвидени за Партнерства, им овозможуваат на партнерите да се запознаат, да дознаат повеќе едни од други за начинот на работа, организацијата и праксата која ја спроведуваат, како и да разменат експертиза на искуства при што би се изградиле силни европски мрежи на соработка.

    Подготвителните посети е акција која може да се реализира за време од минимум 1 ден а максимум 5 дена, со цел учесниците да присуствуваат на контакт семинар или подготвителна посета каде што ќе запознае соодветни партнери со кои подоцна ќе може да развие проект за поголемите акции како Мобилност, Партнерства и Трансфер на иновации.  Секоја институција која сака да воспостави нов проект во Леонардо да Винчи, може да аплицира за подготвителна посета со што ќе им овозможи на своите учесници да посетат потенцијална партнер институција или да учествуваат на контакт семинар за наоѓање партнери организиран од страна на некоја Национална агенција. Подготвителните посети овозможуваат потенцијалните партнери да се запознаат со цел да ги дефинираат целите и методологиите за идни проекти, да направат дистинкција помеѓу своите одговорности, задачи и улоги во рамките на еден проект како и да развијат план и методи за мониторинг, евалуација и дисеминација при идните проекти.

ЗЕМЈИ УЧЕСНИЦИ ВО ПРОГРАМАТА:

Земји учесници во програмата Леонардо да Винчи се:

  • 27 земји-членки на Европската Унија: Австрија, Белгија, Бугарија, Велика Британија, Грција, Германија, Данска, Естонија, Ирска, Италија, Кипар, Литванија, Летонија, Луксембург, Малта, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Словашка, Унгарија, Франција, Финска, Холандија, Чешка, Шпанија и Шведска.
  • Земји-членки на Европската слободна трговска асоцијација (European Free Trade Association (EFTA-ЕЕА) и кои припаѓаат на Европскиот економски простор: Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија
  • Земји кандидати за членство во ЕУ:Турција и Хрватска


НАПОМЕНА: Институциите кои аплицираат од Република Македонија не може да остваруваат билатерална соработка со земјите кои се КАНДИДАТИ за членство во ЕУ (Турција и Хрватска).