Организација на мобилност

    Високообразовните институции носители на Еразмус Универзитетска Повелба добиваат средства за покривање на трошоците поврзани со организацијата на мобилноста на студентите, наставниот или административниот персонал. Подобни трошоци се оние кои се поврзани со препознавањето на студиските престои, печатењето или копирањето на материјали, подготвителни посети, организација на јазични курсеви, итн.

    Одредувањето на финансиската поддршка зависи од бројот на студенти, наставен кадар или административен персонал кои заминуваат во друга држава.