Партнерства за учење

Грундвиг Партнерствата за учење се мали проекти кои овозможуваат соработка помеѓу институции во областа на образованието за возрасни, кои се посветуваат во работата на прашања од заеднички интерес. Тие се концентрираат на размена на знаење, информации, искуства, вработени и ученици низ Европа. Активностите се состојат од активности на локално ниво во институцијата апликант и мобилности за посета на партнерските институции во странство. Активностите можат да разновидни и вклучуваат:

  • Средби и семинари на партнерите
  • Размена на вработените и возрасните вклучени во проектот
  • Размена на добри пракси, искуства, знаење и особено, употреба на средства за информирање и комуникација (веб-страни, електронска пошта, видео конференции)
  • Подготовка на технички објекти, цртежи и уметнички дела
  • Работа на терен, истражувања поврзани со проектот
  • Подготовка на перформанси (претстави, мјузикли итн)
  • Јазични подготовки
  • Соработка со други слични проекти и размена на искуства со други институции во регионот, вклучително и мобилност на соодветни настани
  • Веб страна/активности со ИКТ
  • Организација на изложби, продукција, и дисеминација на информативен материјали документација за соработката
  • Дисеминација на проектните активности и резултати.

За идеја и инспирација погледнете го Компендиумот на европските проекти кои до сега биле финансирани.

Секоја институција во Партнерството аплицира за фондови во својата Национална агенција. Нивоата на финансирање се различни во сите земји. Грантот се доделува во форма на паушална сума, што претставува нов и едноставен метод со помалку административни оптеретувања на вклучените институции.

Во Грундвиг Партнерствата за учење, институциите од Република Македонија во 2010 можат да учествуваат како партнер. Mакедонските институции неможат да бидат координатори на Партнерствата. Препорака е, во процесот на аплицирање да се изберат колку што е можно повеќе партнери, во случај некои од нив да не добијат фондови. Партнерските институции можат да потекнуваат од земјите учеснички во програмата Доживотно учење, и тоа: членки на ЕУ, Норвешка, Лихтенштај, Исланд, Турција, Хрватска и Република Македонија.