Подготвителни посети

    Оваа активност и овозможува на секоја организација која сака да организира: Партнерство за учење, Проект за возрасни волонтери, Проект за мултилатерална соработка, Мрежа или Придружни мерки да запознае одредени потенцијални партнери и да развие работен план со цел да се подготви проектната апликација. Подготвителната посета опфаќа:

  • посета на партнерската институција/организација
  • учество во „семинар за воспоставување контакти“ 

    Партнери за заеднички активности апликантите предлагаат по сопствен избор, во однос на идејата за проект која ја имаат и соодветната акција. Националната Агенција може да понуди поддршка во изборот на партнери и информации околу тековните подготвителни посети. Подготвителната посета може да трае од 1 до 5 дена.