Подготвителни посети

    Цел на акцијата е да овозможи средба на потенцијални партнери кои би подготвиле предлог апликации. Подготвителните посети се реализираат во две форми, со времетраење не подолго од 5 дена:

    Подготивтелни посети како директни средби кои овозможуваат развој на нови идни проекти и конкретните улоги и обврски на партнерите во истите проекти, да се развие работна програма и апликација со партнерската институција, да се дефинираат целите на соработката и слично.
    Контакт семинари како состаноци организирани од страна на Националните агенции, со цел да се најдат партнери кои се заинтересирани за соработка на одредена тема. Учесниците на контакт семинарот можат да се поврзат и да договорат соработка со повеќе партнери за една или повеќе иницијативи.
 
    Грантот од подготвителните посети ги покрива патните трошоци, трошоците за осигурување и сместување (во согласност со износите наведени во повикот за Доживотно Учење). На подтовителна посета посета оди едно лице представник на организацијата/институцијата апликант.
 
    Електроснкиот формулар кој се користи за аплицирање за подготвителни посети се доставува до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност 8 недели пред планираниот термин за реализирање на мобилноста.