Посети и размени

Оваа активност им овозможува вработените во образованието за возрасни (формално, неформално и информално),  да посетат одредена активност поврзана со нивната работа во друга земја. Учесниците ќе добијат пошироко знаење за образованието за возрасни на ЕУ ниво, и, во зависност од активноста, да ги подобрат своите практични вештини за настава, советување или управување. Посетите можат да се организираат индивидуално, или со одредени исклучоци во мали групи.

Примери за можни активности:

  • Настава во друга организација во образованието за возрасни
  • Изучување на аспекти на образованието за возрасни (содржина и квалитет на наставата, методи за пристап во образованието, администрација и лидерство во организациите, изучување на политиките)
  • job-shadowing (набљудување на сродно работно место и работните задачи во друга земја)
  • посета на конференција или семинар во областа.

За учество во оваа активност можат да се пријават: наставници, обучувачи и друг персонал вработен во образованието на возрасни, поранешни наставници кои повторно се вклучуваат во образованието, апсолвенти со квалификации во образованието за возрасни-андрагози.

Времетраењето na активноста е од 1 ден до 12 недели.

Оваа активност е децентрализирана. Апликациите и придружните документи се поднесуваат до Националната Агенција.