ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС ПЛУС

На 12 декември 2013 година, Европската Комисија го објави Повикот за предлог проекти за Програмата Еразмус+. Составен дел на овој Повик е Водичот за Програмата Еразмус+.

Националната агенција ги повикува сите заинтересирани установи и организации од Република Македонија да започнат со изготвување на своите предлог проекти и да ги достават согласно предвидените рокови објавени во Повикот до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност односно Извршната агенција за образование, култура и аудиовизуелни политики, зависно од тоа за која од активностите  на Програмата Еразмус+ доставуваат проекти.

Физички лица не можат директно да аплицираат, туку ќе мораат да се обратат до своите установи, организации или компании кои што се подобни да аплицираат.

Текст на Повикот на македонски јазик.

Повеќе...

Јавен повик за ангажирање на експерти (Националната агенција ќе формира база на експерти за Евридика) за реализација на планираните активности од Евридика

Врз основа на предвидените цели и задачи за импелементација на Евридика, како и решението бр.02-653/2 од 28.10.2013 донесено од Директорот, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува Јавен повик за ангажирање на експерти (Националната агенција ќе формира база на експерти за Евридика) за реализација на планираните активности од Евридика.

Повеќе...

Јавен повик за амбасадори за акцијата еТвининг во рамките на програмата Доживотно учење

Врз основа на Решение  бр. 02-207/3 од 20.06.2013г. донесено од Директорот, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува ЈАВЕН ПОВИК за Амбасадори на акцијата еТвининг како дел од програмaта Доживотно Учење...

Повеќе...

Национален повик за програмата Млади во акција за 2013 година

Националната агенција за европски образовни програми го објавува Националниот повик за програмата Млади во акција за 2013 година.

Повеќе...

Национален повик за програмата Доживотно учење за 2013 година

Националната агенција за европски образовни програми го објавува Националниот повик за програмата Доживотно учење за 2013 година.

Повеќе...