Проект за волонтирање на возрасни

GIVE нуди можности за грантови за локални организации во 2 земји учеснички во ЛЛП.

    Зборот „Волонтеризам“ се однесува на било која форма на волонтерска активност, преземена по слободна волја, избор и мотивација и без финансиска придобивка.

Цели:

  • да им се овозможи на возрасните волонтирање во друга ЕУ земја во било каква непрофитна активност, како форма на информално учење и размена на искуства
  • воспоставување на долгорочна соработка помеѓу организацијата испраќач и организацијата примач околу одредена тема или целна група
  • локалните заедници да се здобијат со возрасни граѓани со широки познавања, компетенции и искуства.

Очекувани резултати:

  • за волонтерите: подобрени јазични, социјални и интеркултурни вештини, стекнување со специфични вештини, активно граѓанство
  • за организациите домаќин и испраќач и локалните заедници: размена на искуства, знаење и добри практики, развој на ЕУ соработка.

Билатерална и реципрочна соработка

    Проектите треба да вклучуваат 2 организации од земјите учеснички во ЛЛП, од кои едната мора да биде од ЕУ. Секоја организација испраќа и прима 2-6 волонтери. Волонтерите можат да патуваат поединечно или во групи. Секој волонтер може да учествува само по еднаш. Примањето и испраќањето можат да се случуваат во исто време но и не мора.

    Профил на волонтерите: Лица 50+, посебен акцент на лица од ранливи и социјални групи или ентички малцинства, родова рамноправност.

    Профил на организациите испраќачи/примачи: било која организација која има капацитет да испрати и прими волонтери. Активностите за вклучување на волонтерите треба да бидат од непрофитен карактер.

    Времетраење: волонтерската активност се одвива непрекинато во текот на 3-8 недели, несметајќи го подготвителниот период. Одобрените проекти траат вкупно 2 години.

    Буџетите ќе се формираат различно за организацијата примач и организацијата испраќач врз основа на рамните стапки з апокривање на трошоците за патување и сместување на волонтерите. 

    Оваа активност е децентрализирана. Апликациите и придружните документи се поднесуваат до Националната Агенција.