Работа низ пракса

Активноста им овозможува на вклучените во образованието за возрасни да работат извесен период како Грундтвиг Асистенти во некоја сродна организација/институција во образованието за возрасни. Задачите на Асистентот се:

  • помош во учењето или менаџирањето со некој аспект на образованието за возрасни
  • поддршка на возрасни со специфични образовни потреби
  • обезбедување на инфо за земјата на Асистентот и помош во учењето јазикот
  • воведување на ЕУ димензија во институцијата
  • иницирање, развој и поддршка во спроведувањето на проекти.

Асистентите целосно се интегрираат во организцијата домаќин. Национална Агенција може да обезбеди поддршка во наоѓањето на организација домаќин.

За оваа активност можат да аплицира индивидуалец кој е вклучен во формалното, неформалното или информалното образование за возрасни (вклучително и воконтери). Активноста трае од 12 до 45 недели. Пред поднесувањето на апликацијата, Асистентите треба веќе да ја имаат идентификувано организацијата домаќин. Националната Агенција може да понуди поддршка во наоѓањето и изборот на соодветна организација домаќин.

Оваа активност е децентрализирана. Апликациите и придружните документи се поднесуваат до Националната Агенција.