Работилници и семинари

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги кофинансира учествата на контакт семинарите, кои што ги организираат Националните агенции за програмата „Доживотно учење“, а со цел учесниците да стекнат дополнителни информации за можностите на европската соработка, воспоставувањето на контакти со меѓународни партнери и развивањето на меѓународните проекти.

Германија, ноември 2013

еТвининг работилница за професионален развој во Германија (Фрајбург), 07-09 ноември 2013

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност резервира пет (5) места на еТвининг – Работилница за професионален развој во Германија (Фрајбург) од 07 до 09 ноември 2013 година. Организатор на настанот е Kultusministerkonferenz Pädagogischer Austauschdienst (Nationale Agentur für EU-Programme im Schulbereich - http://www.etwinning.de/kontakt.html). Темата на настанот е „Europäische Partnerschaftsprojekte im Kindergarten und in der Grundschule: Mit Neugierde miteinander lernen“.

Потенцијалните апликанти може да аплицираат за овие места преку секторската програма  Комениус, акција Подготвителни посети, најдоцна до 31 мај 2013.

Апликациите да се достават на адреса: 
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 
(за еТвининг - Работилници за професионален развој)
Порта Буњаковец А2-1
МК-1000 Скопје
Република Македонија

Квалификувани да аплицираат за ова место во секторската програма Комениус се наставници во основните училишта и градинки со одлично познавање на германскиот јазик. Износот на котизацијата за работилницата е 380 евра. Работен јазик на настанот ќе биде германски.

На следниов линк можете да го превземете формуларот за аплицирање за еТвининг работилниците за професионален развој, а агендата од настанот на овој линк.

Повеќе информации за акцијата Подготвителни посети можете да најдете на следниов линк, а за акцијата еТвининг на www.etwinning.net и www.etwinning.mk.

Други линкови:

Национален повик за програмата Доживотно учење за 2013

Франција, октомври 2013

еТвининг работилница за професионален развој во Франција (Тулон), 08-11 октомври 2013

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност резервира девет (9) места на еТвининг – Работилница за професионален развој во Франција (Тулон) од 08 до 11 октомври 2013 година. Организатор на настанот е Академијата Ница (http://www2.ac-nice.fr/).

Потенцијалните апликанти може да аплицираат за овие места преку секторската програма  Комениус, акција Подготвителни посети најдоцна до 22 мај 2013.

Апликациите да се достават на адреса: 
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 
(за еТвининг - Работилници за професионален развој)
Порта Буњаковец А2-1
МК-1000 Скопје
Република Македонија

Квалификувани да аплицираат за ова место во секторската програма Комениус се наставници и директори од билингвалните средните училишта со паралелки на француски јазук. Износот на котизацијата за работилницата е 550 евра. Работен јазик ќе биде француски.

На следниов линк можете да го превземете формуларот за аплицирање за еТвининг работилниците за професионален развој, а агендата од настанот на овој линк.

Повеќе информации за акцијата Подготвителни посети можете да најдете на следниов линк, а за акцијата еТвининг на www.etwinning.net и www.etwinning.mk.

Други линкови:

Национален повик за програмата Доживотно учење за 2013

Бугарија, април 2013

еТвининг работилница за професионален развој во Бугарија (Софија), 25-28 април 2013

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност резервира две (2) места на еТвининг – Работилница за професионален развој во Бугарија (Софија) од 25до 28 април 2013 година. Организатор на настанот е Националниот сервис за поддршка на еТвининг за Бугарија, Центар за развој на човечките ресурси (http://www.hrdc.bg/).

Потенцијалните апликанти може да аплицираат за овие места преку секторската програма  Комениус, акција Подготвителни посети најдоцна до 27 февруари 2013.

Апликациите да се достават на адреса: 
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 
(за еТвининг - Работилници за професионален развој)
Порта Буњаковец А2-1
МК-1000 Скопје
Република Македонија

Квалификувани да аплицираат за ова место во секторската програма Комениус се наставници од установите за претшколска возраст и наставници од основните училишта што работата со ученици на возраст до 11 години. Износот на котизацијата за работилницата е 450 евра. Темата на настанот е Добри педагошки практики во развојот на клучните компетенции, а работни јазици ќе бидат англиски, француски и германски.

Линкови:

Национален повик за програмата Доживотно учење за 2013