Работилници и семинари

    Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги кофинансира учествата на контакт семинарите, кои што ги организираат Националните агенции за програмата „Доживотно учење“, а со цел учесниците да стекнат дополнителни информации за можностите на европската соработка, воспоставувањето на контакти со меѓународни партнери и развивањето на меѓународните проекти.

Словачка

еТвининг работилница за професионален развој во Жилина, Словачка 27-29 септември 2012

    Националната агенција за европски образовни програми и мобилност резервира шест (6) места на еТвининг – Работилница за професионален развој во Жилина (Словачка) од 27до 29 септември 2012 година. Организатор на настанот е Националниот сервис за поддршка на еТвининг за Словачка (http://www.etwinning.sk/index.php/kontakt).

    Потенцијалните апликанти може да аплицираат за овие места преку секторската програма  Комениус, акција Подготвителни посети најдоцна до 31 јули 2012.

Апликациите да се достават на адреса: 
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 
(за еТвининг - Работилници за професионален развој)
Порта Буњаковец А2-1
МК-1000 Скопје
Република Македонија

    Квалификувани да аплицираат за ова место во секторската програма Комениус се наставници од јавните училишта за деца со посебни потреби и наставници од јавните училишта кои работат со деца со посебни потреби. Износот на котизацијата за работилницата е 220 евра.

    На следниов линк можете да го превземете формуларот за аплицирање за еТвининг работилниците за професионален развој.

    Повеќе информации за акцијата Подготвителни посети можете да најдете на следниов линк, а за акцијата еТвининг на www.etwinning.net и www.etwinning.mk.

Линк до Повикот за предлог проекти за Програмата Доживотно учење на Европската комисија.

Унгарија

еТвининг работилница за професионален развој во Будимпешта, Унгарија 27-29 септември 2012

    Националната агенција за европски образовни програми и мобилност резервира две (2) места на еТвининг – Работилница за професионален развој во Будимпешта (Унгарија) од27 до 29 септември 2012 година. Организатор на настанот е Националниот сервис за поддршка на еТвининг за Унгарија (Educatio Társadalmi Szolgáltató Nonprofit Kft., Digitális Pedagógiai Osztály 1122 Budapest, Maros u. 19-21. HUNGARY; http://hirmagazin.sulinet.hu/hu/etwinning; Контакт: Ms. Fodor Emese).

    Потенцијалните апликанти може да аплицираат за овие места преку секторската програма  Комениус, акција Подготвителни посети најдоцна до 3 август 2012.

Апликациите да се достават на адреса: 
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 
(за еТвининг - Работилници за професионален развој)
Порта Буњаковец А2-1
МК-1000 Скопје
Република Македонија

    Квалификувани да аплицираат за ова место во секторската програма Комениус се јавните основни и средни училишта.

Практични информации: 

  • Целна група на наставници: од областа на уметност, историја, литература и екологија;
  • Тема: нашето европско културно наследство;
  • Работен јазик: англиски;
  • Котизација за работилницата и сместување: 400 евра (сместување во хотел (со појадок, ручек и вечера), материјали за работилницата, туристички посети на знаменитости);
  • Вкупен број на учесници: 100.

На следниов линк можете да го превземете формуларот за аплицирање за еТвининг работилниците за професионален развој.

Повеќе информации за акцијата Подготвителни посети можете да најдете на следниов линк, а за акцијата еТвининг на www.etwinning.net и www.etwinning.mk.

Линк до Повикот за предлог проекти за Програмата Доживотно учење на Европската комисија.

Белгија

еТвининг работилница за професионален развој во Хазелт, Белгија 23-25 ноември 2012

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност резервира две (2) места на еТвининг – Работилница за професионален развој во Хазелт (Белгија) од 23 до 25 ноември 2012 година. Организатор на настанот е EPOS vzw Belgium (http://www.epos-vlaanderen.be/?CategoryID=552http://www.epos-vlaanderen.be/?CategoryID=552).

Потенцијалните апликанти може да аплицираат за овие места преку секторската програма  Комениус, акција Подготвителни посети најдоцна до 10 август 2012.

Апликациите да се достават на адреса: 
Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 
(за еТвининг - Работилници за професионален развој)
Порта Буњаковец А2-1
МК-1000 Скопје
Република Македонија

Квалификувани да аплицираат за ова место во секторската програма Комениус се јавните основните училишта.

Во прилог на ова известување:

На следниов линк можете да го превземете формуларот за аплицирање за еТвининг работилниците за професионален развој.

Повеќе информации за акцијата Подготвителни посети можете да најдете на следниовлинк, а за акцијата еТвининг на www.etwinning.net и www.etwinning.mk.

Линк до Повикот за предлог проекти за Програмата Доживотно учење на Европската комисија.

Франција

еТвининг работилница за професионален развој во Пуатје, Франција 16-18 ноември 2012

    Националната агенција за европски образовни програми и мобилност резервира пет (5) места на еТвининг – Работилница за професионален развој во Пуатје (Франција) од 16до 18 ноември 2012 година (eTwinning Professional Development Workshop for Teachers of French). Организатор на настанот е Националниот сервис за поддршка на еТвининг заФранција (http://www.cndp.fr;Контакт лице: Francis Grillon, francis.grillon@cndp.fr).

Потенцијалните апликанти може да аплицираат за овие места преку секторската програма  Комениус, акција Подготвителни посети најдоцна до 13 септември 2012.

Апликациите да се достават на адреса:

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

(за еТвининг - Работилници за професионален развој)

Порта Буњаковец А2-1

МК-1000 Скопје

Република Македонија

    Квалификувани да аплицираат за ова место во секторската програма Комениус се наставници по француски јазик од јавните основни и средни училишта. Настанот ќе го посетат 80 наставници по француски јазик од Европа. Целта на оваа работилница е развој на вештините кај наставниците за педагошка употреба на аудио и видео технологии во рамките на еТвининг проектите. Котизацијата за настанот изнесува 500 евра.