Структура на програмата

Со цел да се исполнат приоритетите, програмата Млади во Акција предвидува пет 
оперативни Акции. 

Акција 1 – Младите за Европа

            Целите на оваа акција се : 

•    Да се зголеми мобилноста на младите преку поддржување на Младински размени; 
•    Да се развие граѓанството на младите луѓе и нивното взаемно разбирање преку поддршка на Младински инцијативи, проекти и активности кои се однесуваат на нивното учество во демократскиот живот. 

Акцијата 1 ги содржи следните три под – акции:

             1.1 – Младински размени 

•    Поддржува активности за размена на групи млади луѓе од различни земји да се запознаат со различни култури.  

            1.2 – Младински иницијативи 

•    Поддржува активности за групни проекти креирани на локално, регионално и национално ниво. Вмрежување на слични проекти помеѓу различни држави со цел:
зајакнување на европскиот аспект, размена на соработка и искуство помеѓу 
младите. 


Повеќе информации на следниот линк:    
http://ec.europa.eu/youth/youth-in-action-programme/doc78_en.htm


            1.3 – Младински демократски проекти

•    Поддржува учество на младите во демократските процеси на локално, регионално и национално ниво, но и на меѓународно ниво. 

Повеке информации на следниот линк:  
http://ec.europa.eu/youth/youth-in-action-programme/doc78_en.htm 
 

Акција 2 - Европски Волонтерски Сервис 

Што е Европски волонтерски сервис? 

Европскиот волонтерски сервис (ЕВС) поддржува транснационален волонтерски сервис 
на млади луѓе. 
Претендира да ја развие солидарноста и да промовира толеранција меѓу младите, пред се 
за да се засили социјалното еднинство во Европската Унија. Промовира активно 
граѓанство и взаемно разбирање на младите. 
Овие основни цели значително ќе се релизираат преку: 

•    Поддршка на младинското учество во различни форми на волонтерски активности, во и надвор од Европската Унија 
•     Давање можност на младите да ја изразат својата лична посветеност прекуволонтерски активности на европско и интернационално ниво 
•    Вклучување на младите во активности на солидарност меѓу европските граѓани 
•    Инволвирање на млади волонтери во непрофитни, неплатени активности кои се од корист на пошироката јавност во една земја која не е негово/нејзино постојано место на живеење. 

Европскиот волонтерки сервис е сервис на “учење”: преку искуства на неформално учење, 
младите волонтери стекнуваат и ги подобруваат квалификациите за нивен личен, 
образовен и професионален развој, како и нивната социјална интеграција. Елементите на 
учење се состојат од заедничко одредување на очекуваните исходи од учењето, процесите 
и методите, сертификатите за стекнати компетенции, учеството на волонтерите во
тренинзи и обезбедување јазична и лична поддршка и поддршка поврзана со задачата, 
вклучувајќи механизми на превенција и справување со кризи.  

 Акција 3 – Младите во светот

Оваа акција ги содржи следните две под – акции: 

•    3.1 Соработка со земјите – соседи на Европската Унија

Оваа под-акција поддржува проекти со Соседните партнерски земји. 

Особено поддржува младински размени, проекти за обука и вмрежување во полето на младите.  
 

•    3.2 Соработка со други земји во светот

Оваа под-акција се однесува на соработка во полето на младите, особено 

размената на добри практики со земјите – партнери од други делови на светот. 

Охрабрува размени и обука за млади и младински работници, партнерства и мрежи на 
младински организации. 

Акција 4 – Младински систем за поддршка 

Акција 4.3 Обука и поврзување во мрежи

Соработка и партнерство, обука и размени на добри практики и искуства се клучни во
развивањето на младинските организации, граѓанското општество и тие што се 
инволвирани во младинската работа. 

Проектите во акцијата 4.3 Обука и поврзување во мрежи се многу важни за развивање на идна соработка со организациите. Тие овозможуваат на организациите партнери да научат за начинот на кој работат и да ги истражат и анализираат можностите за развивање на проекти во иднина. 

Проектите може да вклучат:

1.    Учење на работното место со набљудување 
2.    Практична посета 
3.    Состанок за евалуација 
4.    Студиска посета 
5.    Студиска посета 
6.    Семинар 
7.    Курс за обука 
8.    Вмрежување 
Акција 5  - Подршка за европска соработка во областа млади
Целта на оваа акција е промоција на европската соработка во областа млади.  

Преку оваа акција Програмата овозможува конкретна соработка во развој на младинската политика на европско ниво.  

Генералните цели се однесуваат на:   
 
•    Организирање структурен дијалог меѓу различните учесници во младинската работа, особено самите млади луѓе, младинските организациии креаторите на политиките; 
•    Поддршка на младински семинари и транснационални младински семинари 
•    Придонес за развој на политика на соработка во полето на младите 
•    Да го олесни развојот на мрежни организации со цел подобрување на взаемното разбирање помеѓу младите; 
•    Да подржи соработка со меѓународните организации кои активно работат вообласта млади.  


За остварување на целите предвидени во Акција 5,  развиени се следните под акции:

5.1 – Средби на млади со одговорни лица кои ја креираат политиката за млади

Активности насочени кон соработка, семинари и конструктивен дијалог меѓи младите 
активни во младинската работа и одговорни лица кои ја креираат политиката за млади.  

5.2 – Подобро познавање за областа млади

Активности кои придонесуваат за идентификација на постоечкото знаење релвантно за 
приритетите во полето млади. 

5.3 – Соработка со меѓународни организации 

Совет на Европа, ОН. 

Напомена: 
Оваа акција не е отворена за апликантите од Република Македонија

Повеќе информации на следниот линк:  


http://ec.europa.eu/youth/youth-in-action-programme/doc94_en.htm