Студиски посети

ШТО ПОДРАЗБИРААТ СТУДИСКИТЕ ПОСЕТИ?

Студиската посета е краткотрајна посета од 3-5 дена на мала група од 10-15 луѓе, професионалци кои носат одлуки и претставуваат различни групи на образовни и специјализирани кадри со цел да испитаат еден аспект од програмата за доживотно учење во друга земја учесничка. Студиската посета, наменета за специјалисти од областа на образовната и стручната обука, како клучна акција на трансверзалната програма на доживотно учење, цели кон поддршка на политичкиот развој и соработка на европско ниво. Студиските посети обезбедуваат форуми за дискусии, размени и учење на теми од заеднички интерес, како и теми од европски и национални приоритети. Придонесува кон размена на иновативни идеи, пракси и промовирање на квалитетот и транспарентноста на системите за обука на земјите учеснички.

Како дел од трансверзалната акција, студиската посета е поврзана со четирите големи програми на ЛЛП, кои покриваат теми на интерес на претставниците од различните полиња за образование и обука. Со тоа се помага да се постигнат целите на Лисабонската стратегија и работната програма за образование и обука за 2010, како и процесите на Болоња и Копенхаген и нивните наследници.

За секоја средба се дефинираат разни теми, почитувајќи ги притоа приоритетите договорени на програмскиот комитет за доживотно учење. Сепак, националните авторитети можат да изберат теми коишто ги засегаат националните приоритети.

Студиски посети опфаќаат теми од:

  • перспективи на генералното образование
  • перспективи на стручното образование и обука
  • јасни перспективи на доживотно учење (од разновиден тип)

Програмата за студиски посети обезбедува уникатен начин за запознавање со други земји и развивање на образованието и обуката од европски димензии. Работење заедно, размислување заедно на разни теми поврзани со работа, делење на мислења, откривање на нови погледи на работите, решавање на проблеми или добивање решенија. Сето тоа прави организаторите и учесниците да се чувствуваат како дел од заеднички европски простор.

ОБЈАВУВАЊЕ НА ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ 2012-13 ЗА АКЦИЈАТА СТУДИСКИ ПОСЕТИ

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува повик за аплицирање за акцијата Студиски посети 2012-2013.

Рокови за аплицирање:

Прв рок за алицирање за Студиски Посети ќе се однесува на посети од Септември  до Фебруари 2013:
Почеток на рок за аплицирање:     9 Фебруари 2012
Краен рок за аплицирање:         
30 Март 2012 

Втор  рок за аплицирање за Студиски Посети ќе се однесува на посети од Март 2013  до Јуни 2013:
Почеток на рок за аплицирање:            23 Јули 2012
Краен рок за аплицирање во:             12 Октомври 2012

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја објавуваПрограмата  2012-13 за акцијата СтудискиПосети. 

Апликацискиот формулар може да го најдете на следниов линк http://studyvisits.cedefop.europa.eu/index.asp?cid=2&artid=8113&scid=74&artlang=EN

tl_files/galerija/bg_cedefopLogo.gif 

Пред пополнување на формуларите, Ве молиме  внимателно да го прочитате водичот за апликанти DOC PDF.  
Апликациите се пополнуваат задолжително на јазикот на посетата наведена во апликацијата.

 

ШТО Е ЦЕДЕФОП?

Европски центар за развој на стручна обука (ЦЕДЕФОП) е агенција на Европската Унија.

Основан во 1975, ЦЕДЕФОП е лоциран во Солун, Грција. Неговата задача е да го промовира развојот на стручното образование и обука (ВЕТ) во Европската Унија. Оваа работа ја врши преку анализирање и ширење на информации за стручното образование и обука, нивните системи, политики, истражувања и практики. Со тоа им се помага на специјалистите во ЕУ, да го развијат и подобрат стручното образование и обука во Европа.

Всушност, ЦЕДЕФОП е центар за експертиза и развој на стручно образование и обука на ниво на Европа. Центарот обезбедува совети, истражувања, анализи, споредбени информации и стимулира внатрешно-европска соработка преку организирање на форуми, конференции, и работилници на теми од заеднички интерес, како што се советувања, тренинг за постари работници, и признавање на учење надвор од образовните институции.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

  • Тренинг менаџери на компании
  • Директори на институции за образование и стручна обука, центри или провајдери
  • Директори на центри за советување
  • Директори на центри за валидација и акредитација
  • Инспектори од областа на образованието и стручната обука
  • Класни раководители, наставници и обучувачи
  • Раководители на сектор
  • Менаџери за човечки ресурси
  • Сопственици/менаџери на мали и средни претпријатија
  • Педагошки или советници во центри за советување
  • Претставници на стопански комори/индустрија/занаети
  • Претставници на мрежи и асоцијации кои се бават со образование и обука
  • Претставници на образовни установи, канцеларии за вработување или центри за советување
  • Претставници на локални, регионални и национални институции
  • Претставници на синдикати
  • Истражувачи

Формуларот за аплицирање мора да биде пополнет и доставен онлајн на следната вебстрана. http://studyvisits.cedefop.europa.eu

ЦЕЛИ

  • Размена на иновативни идеи и пракси
  • Промовирање на квалитетот и транспарентноста на системите за образование и обука на земјите учеснички
  • Размена и учење на теми од заеднички интерес и од европски и од национални приоритети