Зошто Еразмус?

Што нуди Еразмус? 

  • Месечна поддршка од 355 Евра за студиски престој.
  • Ослободување од сите студиски трошоци и давачки на институцијата во странство.
  • По враќањето, признавање на студиските достигнувања (кредити) на институцијата- домаќин.
  • Поддршка при подготовката за престој во друга држава (на пр. преку учество на подготвителен Еразмус интензивен јазичен курс). 

 

Зошто да се пријавам? 

  • Ќе откријам нова култура и јазик!
  • Се вклучува во студирањето (кредитите се препознаваат, не се губи семестар или година)!
  • Ќе добијам меѓународно искуство!
  • Ќе имам стипендија и нема да имам трошоци за студирање во друга држава!
  • Ќе изгледа одлично на моето CV!
  • Ќе имам пристап до предмети и курсеви кои не се застапени во Македонија!
  • Ќе си ги подобрам јазичните вештини!
  • Ќе запознаам меѓународни пријатели!
  • Ќе се вратам помотивиран, независен и самоуверен!
  • Ќе ги усовршам моите компетенции!
  • Ќе го развијам мојот карактер!
  • Ќе стекнам животни вештини и искуства кои не се учат во предавална!
  • Ќе ги проширам моите хоризонти!
  • Забавно е! 

  

Успешни приказни 

Бен Реџепи
Студент на: Англиски јазик и литература – Државен Универзитет Тетово
tl_files/galerija/Beni.jpg Најпрво сакам да го спомнам фактот дека сум првиот студент во историјата на Македонија кој ја користел Програмата Еразмус. Ова значи дека немаше никој претходно да ме информира за тоа што е Еразмус. Сега ако почнам да зборувам за моето искуство, верувајтеми ќе ми треба многу долго време. Но најкратко, би сакал да да го поделам моето искуство, мисли, чувства. 

Прво сакам да напоменам дека Еразмус е неверојатно искуство кое многу те менува.  Преку оваа програма јас го поминав последниот семестар на Универзитетот Мурсија, во Шпанија.  Кога авионот тргна за Шпанија бев навистина нервозен и под стрес поради фактот што немав никаква идеја за градот, факултетот и професорите кои ќе ги сретнам таму.  Но после првата недела, се навикнав на животот таму. Повеќето шпански студенти се однесуваа со нас како специјални гости. Немаше никаков проблем околу спријателувањето со шпанците. Ако зборувам за другите Еразмус студенти, ние бевме како семејство. Бевме заедно секој ден. Морам да признаам дека не е многу лесно да се навикнеш на фактот дека живееш сам, затоа што треба сам да готвиш, переш и тоа станува твое секојдневие. Но исто почнуваш да чуствуваш дека стануваш независна личност и можеш  лесно да се ослободиш од лошите навики. 

За образовните разлики! - Мислам дека за да ги видиш различните системи на образование мораш да погледнеш од различни точки. Мислам дека во Европа професорите се попријателски расположени и секогаш спремни да помогнат кога ви е потребна помош.  Откако ќе се вратиш во својата земја, малку е потешко затоа што домашните професори не ти обрнуваат толку многу внимание како кога си Еразмус студент.  

За крај, како Еразмус студент уживав во Мурсија. Многу пријатели, многу информации, огромно искуство. Со некои од нив изградив силно пријателство. Дел од нив ќе дојдат да ме посетат за еден месец, кога ќе имам можност да им ја покажам мојата земја, културата и нашиот животен стил.

Санела Бошкова
Студент на: Англиски јазик и литература – Државен Универзитет Тетово
 tl_files/galerija/Sanela Boskova.jpg  Одсекогаш сум сакала да одам во странство, да видам различни култури, да научам нови наставни методи, различни јазици и да стекнам ново искуство.  Тој сон стана јаве кога бев избрана како еден од првите студенти од нашиот Универзитет, кои ми дадоа шанса да студирам еден семестар во странство. Бев многу возбудена и сакав да бидам дел од Еразмус. Најверојатно Еразмус беше еден од најголемите искуства во мојот живот. Еразмус беше најдобар начин за мене да стекнам поголема самодоверба. Бев загрижена само за тоа што ќе бидам далеку од луѓето кои ги сакам многу.  
 Шпанија беше супер место за Еразмус. Тргнав таму со големи очекувања и многу сум среќна што ги постигнав сите. Универзитетот беше многу добар и ги исполни сите наши барања. Секој професор имаше различни методи на предавање, секој добар на свој начин.  Моето Еразмус искуство во Шпанија беше неверојатно. Научив шпански јазик, стекнав различни вештини, сега можам да размислувам на различни начини и се вратив како културолошки побогата личност.

 

Успешни приказни - EN 

Ben Rexhepi
Student of: English Language and Literature - State University Tetovo
 tl_files/galerija/Beni.jpg  First of all, I have to mention the fact that I am the first student in the history of Macedonia attending an Erasmus Program. This means that there was nobody before to inform me about what is Erasmus. Now if I start to tell you my experiences, believe me it takes very long time. But in short, I would like to share my experiences, thoughts, feelings whatever I get. Firstly I would like to point out that Erasmus is such an incredible experience that changes you a lot. With this program I spent the last semester in the University of Murcia, Spain. 

When my plane took off to Spain, I was really nervous and stressed that I had no idea about the city, the faculty and the teachers I am going to meet there. But after the first week, I really got used to living there. Most of Spanish students really behave us as a special guest. So there was no problem about friendships with Spanish. If I want to talk about others, I mean Erasmus students, we were like a family. We were together every day. I must admit that it is not very easy to get used to the fact that you are living alone, because you should cook for yourself, you should go to laundry almost every week and, these becomes a part of your life. But with all these you start to feel you become an independent person and you can easily get rid of your bad habits. 

About the educational differences! - I should say that to see the different systems of education makes one to see from different point of views. I think in Europe the professors are friendlier and are always able to help you whenever you need their assistance. After you go back to your country, it could be hard since home professors don’t give you the same cheerfulness as you are used to while being an Erasmus student.

For the end, I enjoyed being an "Erasmus student" in Murcia. A lot of friends, a lot of information, huge experience. With some of them with have built very strong friendship. A group of them will be coming and visit me in a months period, when I will have the opportunity to show them my country, culture and our lifestyle.

Sanela Boskova
Student of: English Language and Literature - State University Tetovo
 tl_files/galerija/Sanela Boskova.jpg  I have always wanted to go abroad to see other cultures, to learn new teaching methods, to learn different languages and gain new experience. That dream came true when I was chosen to be one of the first students of our University, which offered me the chance to study abroad for one semester. I was very excited and I wanted to do Erasmus. Probably Erasmus has been one of the biggest experiences in my life.  Erasmus was the best way for me to get more self confident and mind-opened. I was only concerned for being away from the people I love so much. Spain was a great place to do Erasmus.
  I went there with a package of expectations and I am very happy that I achieved all of them. The university was very good and fulfilled all our requirements.  Every teacher had different methods of teaching, each good on its own.My Erasmus has been very good and experience in Spain was incredible. I have learned Spanish language, gained different skills, now I can think in different ways and I came back as culturally richer person.

 

Зошто институциите го избраа Еразмус 

 

tl_files/galerija/Irska.JPG University College Cork, Ирска
tl_files/galerija/roterdam_new.jpg Erasmus University Rotterdam, Холандија
tl_files/galerija/Sheffield.JPG The University of Sheffield
tl_files/galerija/Cardiff.jpg Cardiff University
tl_files/galerija/Dartington.JPG Dartington College of Arts
tl_files/galerija/Edinburgh.JPG University of Edinburgh